Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софијанова: Ќе прифатам морална одговорност ако тоа помогне некој мирно да спие

0
By Нова ТВ on February 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 11, 2015 13:00

По повод последните написи во медиумите во врска со случајот на Тамара Димовска, би сакала подетално да ги разјаснам фактите и деталите кои ми се познати мене, вакво соопштение денеска напладне пристигна од доктор Аспазија Софијанова, во кое таа дополнително објаснува како се носела одлуката за сега починатото девојче Тамара откако вчера изјави дека за нејзиното лечење дошла наредба од повисоко ниво. Ви го пренесуваме соопштенито во целост.

-По донесената негативна одлука од првостепената комисија при ФЗО одлучуваше второстепената комисија чиј член сум јас. Мислењето кое го имавме добиено од ФЗО беше во насока на тоа дека ќе се отвори Спинален центар каде Тамара би била оперирана. Не сум експерт од областа на ортопедија и девојчето никогаш не беше пациент на Детската клиника. Решението го потпишав како претседавач а не претседател на комисијата, која во мое отсуство едногласно одлучила според насокоите дадени од ФЗО а според кои ќе се чека отворањето на Спиналниот центар. Морам да нагласам дека со ставањето потпис на веќе донесеното решение сметав дека е во насока на убрзување на целата постапка, бидејќи без правосилно решение не може да се преземат останатите правни мерки. Моето потпишување или непотпишување на решението кое е објавено во медиумите немаше на никој начин да ја смени одлуката која се носи со мнозинство гласови од членовите на комисијата и која е само потврда на мислењето на првостепената комисија која е составена од специјалисти од областа на ортопедијата кои најдобро можат да ја проценат состојбата на детето.

-Откако на барање на мајката се запознав со случајот, сфатив дека се работи за тежок случај на конгенитална болест кој мора да се третира што поскоро. Токму затоа направив се во моја моќ случајот повторно да биде разгледан. По повторното разгледуваање првостепената комисија во која членуваат лекарите кои го третирале девојчето донесе позитивна одлука но за жал предоцна.

-Можете да ме обвинувате за многу работи но не и за негрижа кон децата. Во 2014 година од оваа клиника се пратени стотина деца на лекување во странство. Секому кому му требало третман кој не сме можеле да му го пружиме бил упатен во странство. Голем дел од нив и со свои раце ги носев во странство, од мали бебиња до големи деца. Во овој момент, сите деца за чие лекување се собираат донации имаат добиено конзилијарно мислење од Клиниката за детски болести за лекување во странство, а постапката продолжува во другите институции.

– Кога сме кај чувството на вина, искрено жалам и согласна сум да ја прифтам вината доколку тоа му помогне некому мирно да спие. Подготвена сум да поднесам морална одговорност како член на Комисијата и да се повлечам од таа функција. Јас ја увидов грешката направена на комисијата и направив се што е во моја моќ да ја исправам во најкус можен рок. Нека овие тешки денови за семејството ни бидат лекција на сите нас. Што не научи Тамара нас? Дека човечкиот живот е поважен од административните пречки, комуникацијата мегу институциите, соработката мегу сите засегнати органи. Ве уверувам дека како човек секогаш сум се залагала и се залагам за здравјето на децата. Тоа е моја примарна цел и моја животна битка и како лекар и како директор на клиниката а пред се како мајка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.