Сојузот на борците испрати писмо со поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев и коалицијата „Можеме“.
„Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода. Голема чест ми е што зад исправните политики на СДСМ во изминатиот период застанува и Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Тоа значи дека сме на вистинскиот пат.
Борците ја обезбедија слободата и независноста, а денес обезбедуваат продолжување по патот на развојот, интеграцијата и напредокот“, напиша Заев на Фејсбук во знак на благодарност.