Советниците од Коалицијата „Сојуз за иднината“ во Советот на Општина Битола, во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ и колегите од општина Центар, денеска ја напуштија седницата на Советот.
„Јасно видливо е дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат преку монтирани политички процеси, со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. Очигледна е намерата, да се поништи јасно изразената волја на граѓаните и да се запри разоткривањето на криминалот и корупцијата во проектот Скопје 2014.
– Ја повикуваме власта да престане со притисок врз судот однапред да му пресуди на Шиповиќ и бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и за неговото семејство, да му дозволи да се брани од слобода со што ќе се обезбеди непречено функционирање на Општина Центар“, рече Васко Ковачевски, координатор на советничката група на Сојузот за Иднината.




