Сојузот за иднината“ во Скопје организира мирен протестен марш под мотото „Отпор против партиско-полицискиот режим“ кој ќе заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Според најавите, маршот започнува во 12 часот од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јуриј Гагарин“, продолжува по улицата „Јури Гагарин“, каде се приклучува на улица „Народен Фронт“, сѐ до новиот Цветен Пазар, каде колоната се приклучува на Булеварот „Св. Кирил и Методиј“.

Од тука, колоната се движи во обратна насока по истиот Булевар, покрај трговскиот центар „Рамстор“, сѐ до крстосницата со улица „Бихаќка“, каде се врти десно, под надвозникот продолжува право до Министерство за внатрешни работи.