Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солидарност: Граѓаните да не попуштат на притисоци и да излезат на референдум

0
By Нова ТВ on March 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 21, 2015 09:40

Левичарското движење Солидарност ја изразува својата целосна поддршка на иницијавата за референдум во Општина Центар за изгледот, но со тоа и начинот на функционирање на Градскиот Трговски Центар во Скопје.

„Навидум е нелогично една организација која ги споделува вредностите на левицата да стои во одбрана на трговски центар. Но ГТЦ не е трговски центар како нехуманите шопинг молови. ГТЦ е јавен простор, достапен на сите во било кое време од денот. ГТЦ е објект – улица: отворен за сите, слободен за движење во сите посакувани правци.

ГТЦ е еден од најрепрезентативните примери на периодот на Модерната архитектура во Скопје. Секоја интервенција врз неговиот изглед ја сметаме за директен напад врз културното наследство на градот, свесно и намерно негово скрнавење. Ова е уште еден обид за материјално пребришување на историјата“, се вели во соопштението на Левичарското движење Солидарност.

Од Солидарност го поздравуваат и самиот чин на организирање на референдум со кој, како што велат ќе им се дозволи на граѓаните, на оние кои се директно засегнати, можност да го изразат својот став.

„Во периодот меѓу изборните процеси граѓаните не треба да бидат изолирани од политичкиот живот и сите одлуки да се носат без нивна консултација само затоа што веќе го дале својот глас. Референдумот е една од формите на партиципативна демократија која овозможува граѓаните директно и недвосмислено да искажат став по било кое прашање кое ја тангира заедницата.

Да потсетиме дека прашањето околу промената на изгледот на ГТЦ немаше да има потреба од ескалација доколку авторитарната власт не го игнорираше ставот од професионалното здружение на архитекти сметајќи го за „само уште едно од мноштвото писма кои доаѓаат на адреса на Владата“.

Освен повик до Советниците до Општина Центар да ја поддржат иницијативата за организирање референдум, ЛД Солидарност ги повикува и сите жители на Општина Центар масовно да излезат на референдумот. За жал свесни сме дека ќе бидат изложени под силен притисок, исто како што биле и на сите досегашни (навидум) демократски форми на изразување на волјата на граѓаните. Ги охрабруваме да не попуштат на притисоците и да излезат на референдумот по прашањето на изгледот на ГТЦ, каков и да е нивниот став“, порачуваат од Солидарност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.