Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Солидарност“ и „Ленка“: МВР да ги санкционира насилните испади на полицајците

0
By Нова ТВ on February 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2014 12:47


Кому му пречи црвеното знаме? Зошто од масата протестанти беше издвоен членот на Левичарското движење „Солидарност“ Васко Цацаноски и насилно нападнат и приведен од десетици полицајци? Заради црвеното знаме кое што Васко гордо го вееше во знак на поддршка на ограбените, обесправените и прегладнетите, понижените и тепаните, реагираат денеска Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“.

Оттаму со најостра осуда за вчерашниот обид на припадниците на МВР за оневозможување на учесниците на протестите пред Владата при остварувањето на со Уставот загарантираното право на протест.

Во видеото погледнете како активистот Васко Цацаноски беше лишен од слобода.

„Ја осудуваме употребата на прекумерна сила при која беа полесно повредени неколку граѓани. Бараме внатрешната контрола на МВР конечно да профункционира и да ги санкционира ваквите насилни испади од страна на вработените во МВР, односно Единицата за брзо распоредување. Го осудуваме и застрашувањето на граѓаните од страна на МВР преку поднесувањето на „соодветни пријави“ против организаторот на протестите и Васко Цацаноски“, велат од „Солидарност“ и „Ленка“.

– Остро го осудуваме и тенденциозниот и невистинит опис на настаните изнесени во соопштението на МВР по повод протестот на стечајците. Нашиот член кој е издвоен за приведување само го вееше црвеното знаме на солидарноста. И утре, кога синдикатот при МВР ќе ја побара нашата помош, ќе излеземе и ќе го вееме истото знаме за поддршка на нивните работнички и социјални права.

– Повикуваме на почитување на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија – обезбедување на основните слободи и права на граѓанинот, како и зачувување и унапредување на хуманизмот, социјалната правда и солидарноста, соопштуваат овие две движења.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.