Во центарот на Тетово повеќе илјади демонстранти денеска протестираа за подршка на
демострациите во Скопје за случајот Монструм. Демонстрантите го искажаа својот гнев и против насилството во петочните нереди во Скопје.
Демонстрантите протестираа со албански знамиња и други реквизити Толпата потоа се упати кон главните тетовски улици извикувајќи пароли: Долу Али Ахмети, Долу Мендух Тачи, УЧК, Сакаме Правда и слично.
-Не знам за другите, но јас денеска излегов да ги казнувам оние на кои им го дадов својот
глас. Денеска како Албанци не сме заштитени – рече еден од демонстрантите.

На неколку улици до седиштето на ДУИ во Мала Речица, на местото каде полицијата постави кордон, дојде до жесток судир меѓу демонстарнтите и полицијата, каде полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите. Многу демонстранти задобија повреди и се лекуваа и во приватни амбуланти во тетовско.
Од Болницата во Тетово јавија дека се примени 10 пациенти со полесни повреди.
-Примени се 6 полицајци и 4 демонстранти со повреди од шок бомбите и солзавецот. Ним им
е пружена првата помош и тие се пуштени на домашно лекување – истакна Директорот на
тетовската болница Флорин Бесими.

Вакви проести денеска имаше и во Гостивар, каде демонстрантите протестираа пред Основниот Суд во Гостивар извикувајќи пароли –Скопје е наш, Стоп за монтираните процеси, Долу Јанкуловска и слично.
Некои од демонстрантите рекоа дека протестите ќе продолжат и за утре пак се најавени
протестиво исто време во 14.00 часот. Протестите во Гостивар се одвиваа мирно и без инциденти.




