Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солзи, прегратки и аплаузи на концертот „Дон Кихот во Скопје“ во фоајето на НОБ 

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 22, 2025 20:19

Уште од првите звуци на македонското дело на авторите и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и пијанистот Дино Имери, знаевме дека сме дел од музичка историја и уникатен, емотивен концерт – спој на шпанскиот и македонскиот фолклор

Скопје, синоќа, во фоајето на НОБ, пред уважени гости, амбасадори и претседателката Гордана Силјановска-Давкова (со дузина телохранители) ја слушна светската премиера на концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“, за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, напишан годинава од двајцата врвни автори и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и  пијанистот Дино Имери. Вечерта беше специјална – се славеше националниот ден на Шпанија. Гостите, движејќи се низ фоајето, со чаша пијалок, пред концертот, можеа да уживаат во амбиентот инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес.

Беа изложени уметнички слики од познатата колекција „Дон Кихот“ на реномираниот македонски уметник Владимир Георгиевски (1942-2017), во чии дела е користена фундаменталната мисла на метафората на главниот јунак Дон Кихот: „Да се спаси човештвото од сите зла и болештини за среќа на сите луѓе на светот“. Исто така, беа изложени и нови скулптури на младата уметница Јана Николовска, а беше промовирана и илустрирана книга за деца „Дон Кихот“ на македонски јазик. Гостите на течен македонски јазик ги поздрави и шпанскиот амбасадор во земјата, неговата екселенција Рафаел Сориjано Ортиз.

Уште од првите звуци на македонското дело, под диригентство на Дијана Илкоска-Имери со камерниот оркестар „ИД“, и солистите: Дино Имери на пијано, Ади Имери на гитара и Тина Иванова, нараторка и авторка на текстот, почувствувавме дека сме дел од музичка историја и уникатен, емотивен концерт – спој на шпанскиот и македонскиот фолклор. Оригиналната музика што ја создале авторите, е дел од еден поголем мозаик преку кој се раскажува современата приказна за Дон Кихот, кој, пак, го носат во Скопје и преку текстот на Иванова, кој ни дава едно поинакво гледање на вечниот роман сместувајќи го во денешно Скопје, се бори (и ги победува) трите ветерници – лицемерството, неправедноста и рамнодушноста.

Првата иновација е самата идеја да се направи ваква фузија – не знаеме за друго вакво дело што ги спојува овие два елемента. А потоа, иновативен е начинот на кој се тие комбинирани, како и деликатниот баланс во кој тие коегзистираат. Од една страна се чувствува транзицијата од шпанскиот кон македонскиот фолклор како што се одвива и дејството на приказната, односно како Дон Кихот патува од Ла Манча и пристигнува во Скопје. Во овој дел се користи шпанскиот ритам хота во триосмински такт, кој се претвора во карактеристичниот македонски седумосмински такт.

Може да се забележи дека шпанскиот и македонскиот фолклор се во постојана интеракција низ целото дело сѐ до крајот. Третиот став кулминира во мошне интересна комбинација помеѓу ритамот на нашето пајдушко и шпанската малагења. Почувствувавме дека авторите го  истражиле шпанскиот фолклор и неговите карактеристики темелно. Всушност, пристапиле со огромна почит и љубопитност, а го истражувале и фолклорот од повеќе региони во Шпанија. Публиката го препозна тоа и вистински се изненади и уживаше синоќа слушајќи го делото. Дополнителен печат ѝ даде гитарата – маркантен инструмент во шпанската традиција, која  оживеа во рацете на Ади Имери, кој гостуваше како солист на овој концерт.

На крајот од концертот публиката силно аплаудираше. Им честиташе на изведувачите, насмевките се измешаа со солзите во очите на маестра Дијана Илковска-Имери, која и лично изминативе месеци се бореше со трите ветерници – неправедноста, лицемерството и рамнодушноста, во периодот пред и откако неправедно и незаконски ја изгуби својата работа во Филхармонија.

Но, секој од нас носи во себе носи еден Дон Кихот. А има ли подобар начин да се победат ветерниците, освен преку нивната спротивност – праведноста, искреноста и љубовта? „Дон Кихот во Скопје“ е голем дел од лична и професионална преродба на еден од авторите, чин на верба и надеж во подобра иднина, но и порака дека во Македонија има вредни луѓе што заслужуваат свое место под сонцето и покрај сите сопки и пакост упатени кон нив.

Текстот е сопственост на Независен.мк

дон кихот имери концерт шпански
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.