11 луѓе загнаа во терористичкиот напад во Могадишу, Сомалија откако три автомобили – бомби експлодираа во близина на хотел, биле војници но и претставници од власта.
Бројот на повредени се уште не е познат.
Најголем број жртви имало при втората експлозија која одекнала додека војниците се обидувале да им помогнат на жртвите од првата експлозија пред хотелот „Џазира” во кој често престојуваат странски државјани и владини функционери.
Одговорност за нападите ја презеде исламистичката група Ал Шабаб.
– Ова е наш прв напад, но не и последен. Ги предупредуваме жителите на Могадишу да не одат на места каде што се собираат неверници и во објекти на т.н. сомалиска влада, се наведува во соопштението на екстремистите, кои потсетуваат дека предупредиле да не се прославува Нова Година.