Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката

0
By Zoran Ivanov on May 19, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 19, 2026 17:01

До нашата редакција стигна анонимна кривична пријава што била поднесена и до Обвинителството, потпишана од „група вработени во МВР“, според која, се копирале и енкриптирале, односно се шифрирале податоци во таен код, наводно за да завршат кај странски разузнавачки служби.

Фросина Факова Серафиновиќ

Она што во овој случај го зголемува сомнежот е тоа што Обвинителството уште не може да обезбеди копии од снимките од безбедносните камери иако ги барало и од кај претседателката и од владината Служба за општи и заеднички работи. Од кај претседателката одговориле дека немаат копии од видеонадзорот со образложение дека опремата била набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР. Од СОЗР, пак, им кажале дека немаат никакви снимки и дека тие само ја набавиле опремата. Сепак Министерството за внатрешни работи уште нема пратено известување за копии од видеонадзорот.

Сомнежи за шпионажа и индиции дека се извлекувале податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова отвораат информациите кои стигнаа до „Слободен печат“ за кои предистрага води и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

До нашата редакција стигна анонимна кривична пријава што била поднесена и до Обвинителството, потпишана од „група вработени во МВР“, според која, се копирале и енкриптирале, односно се шифрирале податоци во таен код, наводно за да завршат кај странски разузнавачки служби.

Според информациите наведени во пријавата, под сомнение е ИТ администратор во Кабинетот на претседателката, кој наводно копирал, енкриптирал и складирал доверливи податоци и бил поврзан со разузнавачката служба. Во пријавата се споменуваат и други функционери од Кабинетот и од Агенцијата за разузнавање, за кои имало сомнежи дека можеби учествувале во прикривање на доказите, па дури и високи владини функционери кои наводно ургирале кај претседателката и обвинителката да го затворат случајот.

Потпишаните на пријавата бараат отворање на постапка со друг обвинител, форензичко вештачење на сите електронски уреди, сервери, телефони и медиуми користени од лицата, прибирање на видеонадзор, логови, ВПН записи, електронска комуникација и пристапни листи, проверка на евентуално компромитирани класифицирани информации и НАТО комуникации.

„Слободен печат“ се обрати до Кабинетот на претседателката за пријавата и информациите во неа, но одговор не добивме.

Обвинителството води предистрага

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во одговор за „Слободен печат“ потврдуваат дека од декември минатата година се води предистрага за „постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес“, по „аларм“ на Секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи којшто бил испратен во ноември минатата година.

Тие веднаш издале наредби за евентуално докажување на овие сомнежи, но досега немаат добиено информации од Секторот за компјутерски криминал што имало во евентуално извлекуваните податоци од компјутери во Кабинетот на претседателката, односно МВР сѐ уште нема доставено извештај дека податоците се декриптирани односно декодирани.

Во одговорот Обвинителството детално ги опишува сите дејствија и наредби што ги издале и што добиле.

– Во рамки на постапката, до Основниот кривичен суд беше доставено Барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски систем, со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, беа издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални и лаптоп компјутери доставени до МВР од Кабинетот на претседателката – велат од Обвинителството.

На 30 декември до Секторот за компјутерски криминал, како надлежен орган за откривање кривични дела и обезбедување докази, била доставена наредба за анализа на екстрахираниот доказен материјал. По неколку месеци, односно на 16 март, МВР доставило известување за тоа што го презеле и до Обвинителството доставило два мобилни телефони.

– Воедно, до ОЈО ГОКК беа доставени и два мобилни телефони одземени од пријавениот, со барање за нивна екстракција во Истражниот центар на ОЈО ГОКК, по што веднаш беше издадена соодветна наредба за постапување. Потоа, на 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на претседателката, со задолжение до Обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази. До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази – објаснуваат од Обвинителството.

Не можат да се обезбедат копии од снимките

Она што во овој случај го зголемува сомнежот е тоа што Обвинителството уште не може да обезбеди копии од снимките од безбедносните камери иако ги барало и од кај претседателката и од владината Служба за општи и заеднички работи. Од кај претседателката одговориле дека немаат копии од видеонадзорот со образложение дека опремата била набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР. Од СОЗР, пак, им кажале дека немаат никакви снимки и дека тие само ја набавиле опремата. Сепак Министерството за внатрешни работи уште нема пратено известување за копии од видеонадзорот.

– На почетокот на 2026 година, по добиено известување дека Кабинетот на претседателката не располага со копии од видеонадзорот, бидејќи опремата е набавена преку СОЗР, а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР, предметниот јавен обвинител се обрати и до СОЗР и до МВР за нивно итно обезбедување. Од СОЗР беше добиено известување дека институцијата не располага со видео записи, туку дека нивната надлежност се однесува исклучиво на набавка на опремата, додека чувањето и располагањето со копиите од записите е во надлежност на МВР.

И покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видеонадзорот – објаснуваат од Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека одземени биле компјутерска опрема и мобилни телефони. Вработени во Кабинетот на претседателката биле викнати на разговор, а доказите се анализирале.

– Од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР се преземаат соодветни мерки и активности, односно одземени се компјутерска опрема и мобилни телефони. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. Извршен е службен разговор со лица вработени во Кабинетот на Претседателот и за истите доставено е известување до ОЈО ГОКК. По целосно расчистување на случајот јавноста ќе биде соодветно известена – велат од МВР.

Сепак оттаму не одговараат на прашањето зошто сѐ уште нема известување за снимките од видеонадзорот кои ги бара Обвинителството и дали ќе успеат да ги декодираат доверливите пораки од Кабинетот на претседателката.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

 

колумна Фросина Факова Серафиновиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.