Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнителен молк од Централниот депозитар околу Макпетрол

0
By Нова ТВ on September 15, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централниот депозитар за хартии од вредност и натаму не се изјаснува околу дилемите во случајот „Макпетрол“. Директорката на Депозитарот, Елена Јакимовска Петровска продолжува да избегнува да ги објасни клучните аспекти од процедурата и не соопштува дали е валидна банкарската гаранција на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ – анонимната компанија која сака да го преземе Макпетрол, објави а1он.мк.

„Немаме никаков коментар околу банкарската гаранција во оваа фаза на постапката. Таа е само еден од документите кои понудувачот мора да ги достави во постапката“, вели Јакимовска Петровска.

Директорката на Централниот депозитар за повеќето од отворените прашања околу целиот случај ја префрла одговорноста кај Комисијата за хартии од вредност. Ваквиот сомнителен молк и натаму го обвива случајот „Макпетрол“ во мистериозност и ги засилува стравувањата дека е можно институциите да го штитат сомнителниот капитал од странство и премолчено да дозволуваат негов влез во македонското стопанство.

Во јавноста уште од самиот почеток се појави прашањето: како е можно компанија која е основана со почетен влог од само 1.000 евра и постои неполн месец, да обезбеди банкарска гаранција од 47.5 милиони евра? По ова, медиумите објавија дека „БПХЛ“ воопшто ја нема обезбедено гаранцијата, која е законски предуслов за откуп на акциите. Но, од Централниот депозитар и натаму не се изјаснуваат по ова прашање, па акционерите, вработените во Макпетрол и другите заинтересирани лица сè уште немаат пристап до оваа клучна информација.

Не е јасно зошто целата постапка се одвива во тајност, бидејќи надлежните не одговараат и на други важни прашања поврзани со овој случај: дали е склучен договор со „БПХЛ“ и дали е отворена сметка на име на компанијата? Доколку постои банкарската гаранција, до кога е нејзината важност? Што ако истече важноста на гаранцијата, а процедурата сè уште не е завршена? Имајќи ја предвид големината и важноста на Макпетрол, молкот од Централниот депозитар значи дека на јавноста и се ускратени информации од витално значење за македонското стопанство.

Од „Балкан Петролеум“ пред повеќе од два месеца соопштија дека обезбедиле гаранција од швајцарската УБС банка во висина од 47.5 милиони евра, која била доставена во НЛБ банка. Но, ниту од Депозитарот, ниту од НЛБ немаше потврда дека гаранцијата била предадена, што ги подгрева шпекулациите дека процедурите сепак не се целосно испочитувани.

Според информациите до кои дојдоа новинарите-истражувачи, луѓето поврзани со „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ во минатото се поврзани со матни зделки, а дел од нив се обвинувани за корупција и перење пари.

Додека Централниот сепозитар и Комисијата за хартии од вредност си ја префрлаат одговорноста, јавноста сè уште не знае ништо за потеклото на парите со кои компанијата, регистрирана пред само три и пол месеци со почетен влог од само 1.000 фунти, се обидува да ја преземе најголемата македонска нафтена компанија.

Од Централниот депозитар за хартии од вредност досега се правдаа со изговори дека не можат да коментираат додека трае постапката. Откако Комисијата ја врати понудата на „БХПЛ“ на доработка поради некомплетна документација, процедурата и натаму трае, а јавноста сè уште ги нема најважните информации – дали „Балкан Петролеум“ има доволно пари за да ги откупи акциите наведени од понудата и какво е потеклото на тие пари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.