Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнителна пратка од Лондон

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 10, 2025 13:19

Добро знаеме што значи „нема преговори за увоз на мигранти“. Тоа значи дека има преговори, ама официјално сè уште не се прогласени за преговори. Значи, веќе некој некаде си муабети, ама сѐ уште е прерано да ни кажат, за да не се „создава паника“.

Мартин Богатиноски

 И најзаблудените партијаши, тие што цел живот веруваат дека партијата им е второ семејство и дека лидерот мисли на нив повеќе отколку што мисли на своите деца, имаат повеќе достоинство од новата генерација самопрогласени „независни“ политички експерти.

Тие независните се, всушност, магични суштества: по потреба исчезнуваат, по потреба се појавуваат, по потреба зборуваат како да им го диктира текстот некој што стои два метра зад камерата. Кога ќе ги видиш како се наместени во студио, со очи полни самодоверба и со реченици полни со празнина, ти доаѓа да им честиташ за убедувачкиот талент. Толку уверено го зборуваат тоа што не го мислат, што е грев да ги прекинеш.

Голем дел од тие независни се толку независни што не може човек да не се запраша: „Од што, бе, сте независни? Од мозок? Од совест?“.

Секојпат кога ќе излезе афера, тие се првите што ќе ја одбранат власта од критики. Кога ќе излезе скандал, тие се првите што ќе те убедат дека не е скандал, туку дека народот прави непотребни драми. Кога ќе се открие глупава владина одлука, тие ќе ти кажат дека е „погрешно интерпретирана“. А кога британските медиуми ќе пишат дека Лондон разгледува опции за трансфер на мигранти надвор од својата територија, и дека Македонија се спомнува – тие независните веднаш се јавуваат на дежурство да ти кажат дека тоа е лажна вест, непроверена информација, пропаганда, напор за дестабилизација, лош превод и – најважно, дека властите кај нас никогаш не би воделе преговори за такво нешто.

А демантот во Македонија е исто што и „не грижи се, ќе се врати“ кај мајка што крие од своето дете дека кучето го згазило камион.

Добро знаеме што значи „нема преговори за увоз на мигранти“. Тоа значи има преговори, ама официјално сè уште не се прогласени за преговори. Значи, веќе некој некаде си муабети, ама сѐ уште е прерано да ни кажат за да не се „создава паника“.

Паника, инаку, се создава со вистина. Лагите чудесно смируваат.

Така, независните тргнуваат во акција. Имаме неколку класични типови.

Првиот е „логичарот“. Тој ти објаснува дека сме премногу мали за Британија да нѐ забележи. Како да сме хард-диск од 4 гигабајти во време кога светот работи на терабајти. И тоа звучи убедливо сѐ додека не се сетиш дека истата Британија имаше стотици слични соработки со земји многу помали и многу понеинтересни од нас.

Вториот тип е „патриотот“. Тој верува дека странските медиуми се здружиле против Македонија, баш оваа недела, баш сега, баш за оваа работа. И дека намерата им е да ни го урнат угледот.

Третиот тип е „смирувачот“. Тој ќе ти каже дека дури и нешто да се преговара, тоа би било добро за нас. Еве, ќе има инвестиции, ќе се активира локалната економија, ќе се создадат нови работни места – за што? За обезбедување мигрантски центри? Ајде бе.

Народот веќе одамна ги гледа овие филмови. И не само што ги гледа, туку и ги знае напамет. Муабетиве со мигрантите изгледаат како продолжение на турска серија што одамна требало да се откаже, ама продуцентот тера уште една сезона, чисто колку да не остане без работа екипата што ја снима.

Инаку, најдобриот дел од сатирата е самиот факт дека некој некаде навистина мисли дека британските медиуми седат во Лондон и измислуваат заговори како да му наштетат на некој политичар во Скопје.

Смешно е и тоа што кај нас, кога ќе се спомне нешто што може да ја допре власта, одеднаш сите стануваат експерти за геополитика, меѓународно право, дипломатски протоколи, регионална динамика и англиска синтакса. А кога ќе се спомне нешто што може да го подобри животот на граѓаните, сите стануваат глуви.

Тоа е нашата трагедија претворена во комедија: секој знае сè, никој не прави ништо, а независните се таму да ти кажат дека во тебе е проблемот.

И затоа, кога следен пат ќе слушнеш дека нема разговори, нема планови, нема опции, нема ништо… запомни едно: кај нас најопасни се тие моменти кога велат дека нема ништо.

Оти баш тогаш има сè.

Тектот е сопсвеност на Слободен печат.мк

 

колумна мартин богатиновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.