Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време. Утрото беше свежо со магла по одделни котлини. Минималната температура ќе биде меѓу 3 и 13 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје во утринските часови имаше слаба магла, а преку ден ќе биде сончево и топло. Утринската температура е 9 степени, а дневната до 28 степени.

Периодот на сончево време со натпросечни дневни температури продолжува и во следниот период. Ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а постепено ќе опаѓаат и утринските температури.