Published: Saturday, September 21, 2013 11:27
Фолк пејачката и сопруга на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска синоќа паднала од балконот на семејниот стан во скопската населба Кисела Вода. Полицијата ја потврди оваа информација.
Според МВР падот на Тарчуловска се води како „несреќен случај“. Поради тоа полицијата не водела дополнителна истрага за околностите за инцидентот со македонската фолк-пеачка.
Од Ургентниот центар се уште не даваат информации дали Соња Тарчуловска синоќа побарала лекарска помош.
Повеќе медиуми објавија дека лекарите констатирале скршеници на неколку ребра, на едната рака и на р‘бетниот столб.




