Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК без одговор дали се приклучува на маршот на студентите

0
By Влатко Чаловски on December 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 10, 2014 00:10

Прашањето „Дали Синдикатот за образование наука и култура ќе го поддржи утрешниот Студентски марш“ остана неодговорено.

Откако студентите добија поддршка од многу од професорите, граѓанските асоцијации и некои политички партии, кои притоа нагласија дека „никако не смеат да се истакнуваат партиски обележја“, НОВА денеска побара одговор од СОНК.

Според неофицијални информации НОВА дозна дека во раководството постои поделеност за тоа дали на студентите треба да им се даде поддршка. Поголем број на членовите биле „за“ додека Претседателот се спротиставил. Според извори на НОВА одлуката требала да биде донесена денеска.

А фиксните телефони оставени за контакт на официјалната веб страна на СОНК денеска не одговорија иако нашата редакцијата неколку пати се обиде да стапи во контакт.

Во електронската порака која ја испративме на официјалната електронска адреса на СОНК пишува:

Почитувани,

Со оглед на закажаниот Студентски марш за утре, 10.декември, би сакале коментар од СОНК дали ги поддржува Студентски пленум и образложение за одговорот во зависност од тоа дали е позитивен или негативен.

Се надеваме на брз одговор, Со почит, Редакција НОВА ТВ

Репортер на НОВА денеска беше во просториите на Синдикатот но наидовме на затворени врати. Вратата на претседателот и секретарот беа затворени во просториите на СОНК.

Успеавме да разговаравме со две вработени кои ни рекоа дека Претседателот не е на работа и дека не им оставил никакво соопштение за медиуми. Тие не упатија кај неговата секретарка да прашаме, но и вратата на секретарката беше затворена.

Откако преку смс-порака стапивме во контакт со првиот човек на СОНК Јаким Неделков, тој ни напиша:

„На службен пат сум, ќе сторам напори до вечер да ви пратам мејл или на Вибер да се слушнеме околу 18 часот“.

Но иако беше побаран и преку алатката Вибер, почекавме на мејл, кој до моментов не пристигнал на електронската адреса на НОВА.

Останува нејасно зошто СОНК остана без официјален став за студентскиот марш кој е закажан за утре (среда) 10.декември, а останаа и прашањата дали можеби некој во СОНК се пожалил за притисоци во образованите институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.