Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК: Можен генерален штрајк в петок

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната вонредна седница, Советот на СОНК ги разгледа состојбите   во образованието и односот на  Министерството за образование и наука во врска со  неодамна поднесените  синдикални  барања, јавува Оhridnews.

На седницата е одлучено дека доколку на утрешната закажана средба со надлежните, не се одговори позитивно на барањата, Советот на СОНК ќе ги повика сите свои членови во петок, масовно да се вклучат на протестите пред ресорното министерство.

Како што информираат од СОНК, доколку барањата не се остварат, ќе се закаже генерален штрајк како крајно изнудена мерка која е загарантирана со Уставот на Република Македонија.

Ова се барањата усвоени на вонредна седница на 17 мај годинава, на што претходеше расправа на Претседателството на Советот на СОНК:

1. Министерството за образование и наука под итно, а најдоцна до 17-05-2013год. да ги повлече правилниците за начинот на проверување на објективноста на наставникот за основно и средно образование, објавени во Сл. Весник бр. 62 од 26-04-2013 год.  се додека не бидат отстранети сите причини за револт на наставниците. (Потсетуваме на договорот на 9-та Седница на Советот на СОНК одржана во  Струга,  каде што беше договорено со министерот за образование и наука за заедничка активност при носење на закони или акти што се особено важни во делот на економско – социјалната положба на вработените во образованието и науката.)

2. СОНК и МОН  веднаш да ги продолжат преговорите за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.

3. Да започнат преговори помеѓу СОНК и  МОН  за корекција на основната плата во делот на образованието.

4.Министерството за труд и социјална политика и СОНК итно да потпишат Спогодба со која ке се утврди датумот на започнување на примената на Колективниот договор за детска заштита во делот на плати.

– СОНК бара исплатата да започне од септември 2013год со динамика која ќе биде договорена помеѓу потписниците.

– Доколку од објективни причини тоа не е можно , бараме исплатата да по започне во целост од 01-01-2014год.

5. МТСП веднаш да започне со трансформација на работните договори согласно Спогодбата од 2008 год.

6. СОНК и министерството за култура итно да продолжат со преговорите за склучување на нов колективен договор за култура и потпишување на истиот најдоцна до почетокот на  септември 2013год.

Во врска со активностите и степенот на реализирање на Барањата, Советот на СОНК заклучил најдоцна до крајот на месец мај, да одржи нова седница на која ќе се направи оценка за степенот на реализирање на барањата и врз основа на тоа, доколку има потреба, за преземање на нови мерки согласно законите на Р.М. во делот на синдикалното организирање и  делување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.