Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК: Штрајкот ќе трае сé до изнаоѓање заедничко решение, Владата да го одврзе ќесето

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немаме никаква одговорност ако дојдат ученици или дечиња во градинките. Ние ќе бидеме во посебни простории. Може директорите да ангажираат лица од установите кои не се наши членови, лица кои се со договори и се плашат да не останат без работа па не штрајкуваат, но тоа се, да речеме максимум 10 од 100, или некаде пет или 15 лица, да не генерализираме, рече Неделков.

Апелирам до Владата што побрзо да нé повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон синдикатот на овие вработени во државата коишто имаат општествено значење и што се многу важни за нормалниот секојдневен живот и функционирање на државата, да нé повикаат да најдеме взаемно прифатливо решение. Да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и работниците и што побрзо да отпочне редовната настава, порача денеска на прес конференција претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Тој нагласи дека генералниот штрајк ќе трае до исполнувањето на нивните барања за покачување на платите во образованието, а додаде дека одговорноста паѓа на Владата и на ресорните министерства, а тие како синдикат ќе се оградат од вината.

– Ќе се оградиме од нашата вина за загарантираното право на образование на учениците, тоа е затоа што Владата не ги исполни нашите барања. Не излезе со некаков предлог. Штрајкот ќе трае додека не се изнајде заедничко решение, а кога ќе биде тоа, не знаеме. Досега немаме никаков предлог, но нема да прифатиме ниту било каков предлог, рече Неделков.

Во врска со изјавите од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за образование и наука дека „образовниот процес мора да тече зошто децата имаат уставно загаранирано право на тоа“, Неделков рече:

– Немаме никаква одговорност ако дојдат ученици или дечиња во градинките. Ние ќе бидеме во посебни простории. Може директорите да ангажираат лица од установите кои не се наши членови, лица кои се со договори и се плашат да не останат без работа па не штрајкуваат, но тоа се, да речеме максимум 10 од 100, или некаде пет или 15 лица, да не генерализираме, рече Неделков.

 

 

 

Јаким Неделков СОНК штрајкот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.