Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сонце за нови светови

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 13:32

Пишува Александар Петров, член на Форум за демократска Македонија

Во овој момент на точно определен крстопат, значајно е  да се има предвид и просечната реалност на нештата, која претставува практичен  дел од нашиот соживот со Eлените, надвор од логиката на политичкото влијание (ако е тоа воопшто возможно).

Првото присетување кое го помнам од нашите соседски недоразбирања  се токму летните периоди, додека се уште се кампуваше по југословенските стандарди на Егејското море.

Многу добро се сеќавам, дека тамошните мештани по туристичките села во меѓусебна комуникација не нарекуваа Сервиа, иако им беше објаснето дека Србија е само единка од федеративната целина наречена СФРЈугославија.

Кога и тие нaминуваа на гости, купувајќи евтина спортска опрема во продавницата на  Словенијаспорт во Скопје, не поимуваа да сфатат дека се наоѓаат во друга социјалистичка република.

Тоа беа осумдесетите години и се уште тежеше политиката на урнатата хунта, па беше мачно за нив да се прифати цел еден историски циклус кој во меѓувреме активно се случуваше. Грците милуваат да прескокнуваат историја, ако не им е по ќеф,тие ја игнорираат.

Следеше независноста со целата пропратна тектонска нестабилност во околината, Македонија почна да плови по слободни води.

Повторно се сеќавам, во едно исто такво летно предпладне како осамнаа графитите ширум Скопје, со црвена боја: „СОЛУН Е НАШ“. Тоа беа првичните конзумирања, со кои почна да се нагризува од името. Како дете тоа го доживував симпатично и романтично, дури и  јас шарав по трансформаторите низ градот (сите тоа го правеа). Изгледаше авантуристички,тајно  да се обележува со спреј во населбата каде ништо не се случуваше.

Во Грција не беше веќе така спокојно и социјалистички, се насетуваа промените и неизвесноста. За првпат летуваме на други далечни дестинации, без автомобилот „Застава“ и приколките „Брако“.

Се случи и ембаргото, кое успеа да задуши цело едно пространство на дотогаш перцепираното.

После тој критичен период, повторно се интензивира  колонизацијата на Халкидики, но  климата беше битно изменета. Не дочекуваа индиректно, обраќајќи ни се со новиот псевдоним  СКОПЈАНОС. Така се навикнале да не викаат во меѓупросторот на затворената граница. Го изговараа погрешно и банално, сакајќи преку главниот полис да го негираат постоењето на државата. Со тоа ја прикажуваа својствената игнорантност да се носат со современите текови, отфрлајќи да прифатат каква било конфронтација. Некогаш успеваа да бидат културни, прескокнувајќи го оспореното, во други случаи беа агресивни, напорни и остро настроени.

Сепак, изборот да одиме таму на море беше наш. И покрај околностите, сето тоа го прифаќаме,колку и потсвесно тоа да не фрустрираше. Бевме на нивна територија, на нивни правила. Воопшто не се менуваа нивните навики  и ароганција, кога заради кризата мораа да живеат од нашата погранична околина (Дојран, Гевгелија, Битола). Ние Македонците  никогаш не наседнавме на провокации и покажавме една зрела културна свест .

Но, конфронтациите во странство беа сосема поинакви. Во студентските денови знаевме конкретно да се носиме со тежината на таа негација во секојдневното дружење и комуницирање (многу е глупаво, посебно во мултиетничките друштва).

Иако успешно се сплотивме како што студентски прилега, бевме млади и неоптоварени, па битно беше пријателството . По некое заеднички поминато време немаше проблем да се викаме Македонија во меѓусебното почитување. Но,апсурдот повторно се јавуваше при посетата на нивните родители, кои го пренесуваа култивираниот национализам при секоја нивна посета.  Конкретно се гледаше судирот на генерации.

Уште тогаш мислев дека оспорувањето е само генерациски проблем, дека со текот на времето се ќе дојде на свое место.

Денеска, грчките колеги кои се вратија во матицата, активно учествуваа на митинзите против името и горди на тоа, постираат слики од плоштадите.

Иако школувани  и оформени, не успејаа да го задржат прогресивниот курс.

Името почна да се конзумира поагресивно и од наша страна, да се манипулира околу него, да се поентира,да се антиквизира, а со тоа проблемот да бледи и да се врти во круг .

Иако ќе се постигне политички договор за името, на среден период суштински ништо нема да се промени во нашите односи. Тие ќе продолжат да не викаат Скопјанос, а ние и понатаму ќе се претставуваме дека сме од Македонија. Но шансата која се отвора задава еден друг сооднос, едно постепено растоварување од политичкосоцијалните стеги.

Останува на самите нас да се прилагодиме едни на други преку соодветната новосоздадена партиципација и конфронтација, без притоа политиката да ги загрева страстите, еднаш штом истиот проблем ќе се занемари.

За Грција ќе биде многу тешко да прифати нешто што со години го негира и игнорира, но кога ќе успеат во тоа, ќе направат исчекор битен пред се, за нивното Платонско потекло. Дури тогаш од помош ќе биде и Европејството (со НАТО како интегрален дел).

Европа не е финансиска идила и не смееме да ја сведуваме на тоа. Таа само ќе помогне да понуди еден мост и гаранција, еден културен расчекор на перцепција со кој ќе се надградува и созрева идентитетот на државата како единка во еден нов поширок општествен,социјален и историски контекст.

Иако Европа е во криза долги години ,токму нејзиниот културен модел (со сите проблеми) успева да ја регенерира и одржи во живот,да ја прави амбициозна и храбра во овие неизвесни времиња.Новата генерација која ќе расте и ќе се развива во такви услови ,ќе понуди многу повеќе од нашата миопиа.Таа младина ќе мора да успее преку својата придобиена автентичност и разлика да ја еманципираат и подобрат целокупната Еленистичката опција, до степен кога и на самата Грција ќе и биде од корист да не нарекува Република Македонија.

Ќе мора да се растовари безграничниот простор во кој ќе блесне таа именка, што толку зрачи сонце. За остатокот од светот, ние сме веќе тоа што сме.

П.С.

Грчката демократија е традиционално поделена на две династии, Мицотакис и Папандреу. Оваа последната колабира на изборите и со изгубената политичка рамнотежа, се роди нова опција која конечно излезе од стегите на митологијата. После СИРИЗА, генерациски ќе се промени пристапот кон целокупното балканско гледање на нештата, па дури и Нова демократија да добие уште некој ден повеќе…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.