Во сообраќајка што се случи доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, во правец на езерото ,,Младост”, тешко се повредени две женски лица, информира доктор Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом Велес.
Едното лице е со повреди на двата долни екстремитета и еден горен , а другото со повреди на десен и лев долен екстремитет информира доктор Пановска ПопСтефанова .
Пациентите биле згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.