Сообраќајна несреќа се случила претпладнево на автопатот Градско – Неготино, кога возило излетало од коловозот при што има и повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Утрово во СВР Велес околу 9:34 часот е пријавено дека на автопатот А1, Градско-Неготино, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило, со српски национални ознаки, излетало од коловозот. Според првичната пријава, во несреќата има повредени лица кои се пренесени за укажување на лекарска помош. Полициски службеници се упатени на местото на несреќата“, велат од МВР.

Детали за сообрачајката се најавени во текот на денот.