Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сообраќајната полиција ќе нè снима

26
By Нова ТВ on May 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 57 гласа „за“ и 3 „против“ Собранието денеска ги усвои предлог измените во Законот за полиција по скратена постапка со кои се уредуваат прашањата за примена на полициските овластувања на сообраќајната полиција, особено употребата на технички средства за видео снимање.

Содржината на предметниот член произлегува од Проектот на Европската унија ,,Градење на капацитетите на институции кои што го спроведуваат законот за соодветен третман на задржани и притворени лица“.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на седницата го образложи предлогот за измени во Законот, според кој како што се вели ќе се допрецизира и унапреди легитимното постапување на сообраќајната полицијата.

-Снимениот материјал треба да овозможи унапредување на степенот на основаност на преземените дејствија од страна на полициските службеници со цел легитимно и соодветно постапување при примената на полициските овластувања. Со видео записот ќе се спречи можноста од евентуални пречекорувања на овластувањата од страна на полициските службеници, односно ќе се овозможи оправданоста на полициските овластувања што секако е во функција на заштита на човековите права и слободи. Снимениот материјал е предвидено да се чува во полицијата шест месеци, а потоа се уништува, освен материјалот кој ќе се чува за кривична и прекршочна постапка, рече Чавков во Собранието.

Министерот за внатрешни вели дека службеникот ќе има обврска да го извести лицето за снимањето. Во истиот член, предвидено е и ревидирање на временскиот рок утврден за чување на снимениот материјал и тоа од постојните шест месеци на 45 дена.

Со членовите 3 и 4 од предложениот закон се предвидува законско овластување на министерот за внатрешни работи да донесе подзаконски пропис со кој ќе се пропишат типовите на технички средства кои ќе се употребуваат за аудио и видео снимање од страна на Полицијата.

сообраќајна полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.