Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сообраќајни ознаки кон непостоечка земја

0
By Ана Василевска on September 5, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интерес на сите, особено на нашите луѓе во оддалечените области на Грција, е да се зближиме со нашите соседи, а во оваа равенка, ние сме оние кои играме со поголема моќ. Го имаме сфатено тоа? Судејќи по некои работи што се случуваат на граница, веројатно не. На пример, на излез од градот Флорина, на пат кон граничниот премин Ники, на границата со Северна Македонија, таблите ги водат возачите кон една земја која не постои,ФИРОМ,  а понатаму една друга, постара, покажува кон Југославија! Иста ситуација и на магистралниот пат од Неа Малгара Солун до Евзони, каде на таблите се уште пишува Скопје наместо Северна Македонија. Меѓутоа, на истата локација на знакот не пишува Софија туку Бугарија, ниту Истанбул туку Турција.

Минатата сабота во Преспа, илјадници луѓе се забавуваа до раните утрински часови со балканските мелодии (Албанија, Северна Македонија, Србија, Бугарија, Грција) и песните на енергичниот Василис Папаконстантину, како дел од настаните во рамките на Фестивалот Преспиа, кој навршува 30 години успешна организација.

Млади и стари од селата од Флорина, Касториа, Козани, Едеса, но и од соседните балкански земји дојдоа на прекрасното островче Агиос Ахилиос. И со душа се забавуваа. Луѓето на планинската граница имаат потреба од вакви културни вдишувања. Можеби нашите северни граници во текот на историјата беа поистоветени со етничка омраза и крвави територијални претензии, но локалните општества од двете страни на границата не престанаа да бидат поврзани со заеднички традиции и обичаи, кои како што се повлекува сомнежот, така се зајакнуваат и се отвораат повеќе канали за комуникација.

Во интерес на сите, особено на нашите луѓе во оддалечените области на Грција, е да се зближиме со нашите соседи, а во оваа равенка, ние сме оние кои играме со поголема моќ. Го имаме сфатено тоа? Судејќи по некои работи што се случуваат на граница, веројатно не. На пример, на излез од градот Флорина, на пат кон граничниот премин Ники, на границата со Северна Македонија, таблите ги водат возачите кон една земја која не постои,ФИРОМ,  а понатаму една друга, постара, покажува кон Југославија! Иста ситуација и на магистралниот пат од Неа Малгара Солун до Евзони, каде на таблите се уште пишува Скопје наместо Северна Македонија. Меѓутоа, на истата локација на знакот не пишува Софија туку Бугарија, ниту Истанбул туку Турција.

Да поверуваме дека оние кои се одговорни за обележување на меѓународниот автопат не се информирани дека ФИРОМ повеќе не постои, а во меѓународните организации е регистрирана како Северна Македонија, име со кое и Грција официјално ја признава? Или можеби некои водат своја надворешна политика? Сите овие навистина веруваат  дека на овој начин ќе го поткопаат „ентитетот на Скопје“, кој во сегашната форма е камен- темелник во рамнотежата на балканската гранична карта и, во крајна линија, во мирот во регионот?

Во истата Преспа, која со право ја рекламираме како тринационална точка за средба (Грција, Албанија, Северна Македонија), многу дискутираниот граничен премин, за кој многумина веруваат дека ќе ја промени судбината на регионот, веќе со години „се отвора и затвора“ во лавиринтот на бирократијата, во моменти кога Северна Македонија веќе ги има подготвени капацитетите од своја страна. Случајност?

(Колумна на новинарот Ставрос Ѕимас објавена во весникот „Катимерини“)

Извор: МИА

Грција Преспа Сообраќајни ознаки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.