Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопот: Одбраната бара да сведочат Мијалков и Јанкулоска

2
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Сопот“, по денешното рочиште во Кривичниот суд изјави дека доколку дозволи Судот, како сведоци на наредните рочишта ќе бидат повикани поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатешни работи, Гордана Јанкуловска.

Овој случај го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи беше предмет на разговори во „бомбите“ што ги објави тогашната опозиција.

Судењето за случајот денеска по 14 години почна од почеток, поради смена на судечкиот совет. Шестмина од обвинетите повторно се изјаснија за невини. На четворица, пак, ќе им се суди во отсуство.

Првообвинетиот, 73-годишниот Сулејман Сулејмани, побара денеска од судот да заврши неговата голгота, затоа што, рече, 14 години му се суди за нешто што не го сторил.

-Не сум сторил ништо од ова судија, и ништо од ова за кое овде ми се суди не е вистина. Имам 73 години и 14 години ми се суди за дело кое не сум го сторил. Ова е премногу и јас само го молам господ за правда оти ова повеќе не се издржува, рече обвинетиот Сулејмани пред судот.

Сведокот Рамадан Бајрами и на денешното судско рочиште остана на исказот дека му била изнудена изјавата која помогна да се донесе осудителна пресуда за обвинетите во овој предмет. Бајрами тврдеше дека инспектори го малтретирале и долго го држеле во притвор се додека не ја потпише изјавата која му ја напишале.

Обвинителите на СЈО останаа на истото обвинение и на тоа пред судот да бидат изведени писмени докази и да се сослушаат сведоци.

Следното рочиште е закажано за втори март, кога исказ треба да дадат пет полициски службени лица.

На 4 март 2003, на локалниот пат Сопот-Сушево во местото викано „Божја дупка“ од подметната експлозивна направа загинаа двајца НАТО војници од полскиот контигент, како и Крунислав Кипријановски од Куманово. Од страна на Државното обвинителство беа обвинети 11 локални Албанци, а Основниот суд во Куманово истите ги прогласи за виновни и донесе осудителна пресуда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.