Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругата на кавадаречкиот убиец: Се закануваше дека ќе не убие и закопа во двор

0
By Нова ТВ on July 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2015 13:19

Тони Станоев од Кавадарци, обвинет за три убиства, пред Основниот суд во Велес ги призна делата, но кога почнаа да се изведуваат докази за одмерување на неговата казна, изнесе нови детали кои се спротивни од тоа што го призна како вината, по што судот одлучи да не го прифати признанието.

Според вината која ја прифати, конципирана во обвинението, Станоев на 9 ноември 2014 дошол во домот на родителите на неговата сопруга, почнал вербална расправија со мајката и сестрата на сопругата, ги убил нив, а подоцна и таткото на сопругата кој бил на горниот кат од куќата.

Во изјавата пред судот, обвинетиот Станоев рече дека подолго време бил скаран со родителите на неговата сопруга, опишувајќи го сега убиениот Илија Леов како “голем криминалец“, кај кого доаѓале криминалци од Македонија и Бугарија за да им изработува лажни лични карти и бугарски пасоши.

– Отидов да разговарам со сопругата, сакав да ги оттргнам децата од нив. Кога влегов сопругата не беше дома, мајка и Билјана ми рече седни. Се скаравме, ме удри, ми го скина палтото од кое ми падна пиштолот. Го зедов, прво пукав во Снежана, сестрата на сопругата, па во мајка и Билјана. Потоа се ми е во магла, не се сеќавам како го убив татко и – тврдеше Тони во судницата.

Подоцна, го промени исказот и рече дека пиштолот го зела Снежана и пукала. Поради овие контрадикторности, судот ја врати постапката повторно од почеток со воведни зборови на обвинителот и одбраната.

Неговата екс сопруга, Данче Станоева која сведочеше во судот, посочи дека животот и бил пекол, бидејќи сите пари Тони ги давал за коцкање, па немале пари за храна на децата.

Пред убиството, според Данче, децата биле кај таткото, кој рекол дека ќе ги врати подоцна, но се премислил па рекол дека тоа ќе го стори пред 16 часот.

– Кога дојдов во куќата на родителите ја видов вратата отворена, што ми беше чудно за во ноември. Внатре видов локва крв и мајками како лежи. Почнав да викам и да барам помош. Тогаш ја слушнав сестра ми како бара помош. Беше во малата кујничка, со затворени врати, едвај влегов. Се јавив во полиција, сестра ми ја однесоа во болница каде што почина, а полицијата ми кажа дека и татко ми е убиен, не сум го видела на катот – сведочеше Станоева.

Таа опишуваше дека Тони им се заканувал и претходно дека ќе ги убие, ќе ги закопа во дворот, а ќе го поштедел само кучето.

– Дури опишуваше како ќе го направи тоа, како ќе не убие и ќе не закопа- објаснуваше Данче.

Во своето сведочење пак, Тони потенцираше дека имал подолго време проблеми како последица на конфликтот во 2001 година, се лекувал на психијатрија, а пиштолот го имал кај себе затоа што работел како обезбедување.

Прашан за честите пријави поднесувани против него од семејството на неговата сега веќе поранешна сопруга, тој рече дека тоа се лажни пријавувања, каде што имало случаи тој да седи заедно со полицајци а да биде пријавен дека ја нападнал фамилијата.

Судењето продолжува на 15 јули, кога треба да сев сослушаат вештаците од Судска медицина и од Клиниката за психијатрија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.