Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругата на починатиот Булент за НОВА: Одговорност за неговата смрт мора да има

0
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мојот сопруг нема ништо да го врати, но одговорност за неговата смрт мора да има. Вака ја започна својата приказна Едита Ибраим, сопруга на 38 годишниот Булент кој почина во четвртокот по рутинска операција на хемороиди. Таа за НОВА ја раскажа агонијата низ кој поминал нејзиниот сопруг од моментот кога бил опериран на 11 февруари се до моментот кога починал, три дена подоцна.

За лекарот Звонко Николовски кој го оперирал, Булент дознал од пријател бидејќи сакал да си го реши проблемот со хемироидите кои секојдневно му задавале мака. Операцијата ја договориле во неговата ординацијата ПЗУ „ Јанита“, а операцијата требало да се изведе во “ Др-сци мед. К. Митановски“во населбата Аеродром.

„ Кога влеговме таму имав чувство како да влегуваме во козметички салон. Таму не пречека валкана чекална и стара апаратура во малата операциона сала. Таму беше еден лекар во поодминати години и повозрасна медицинска сестра. Анестезиолог беше др. Снежана од болницата „8 Септември“.  Во еден момент во себе посакав да се вратиме, но Булент веќе беше влезен внатре“, раскажува за НОВА, Едита сопруга на починатиот Булент Ибараим.

Веднаш штом по интервенцијата таа влегла да го види, а доктор Николовски и соопштил дека се поминало во ред. Едита вели дека тогаш докторот и побарал да плати, според договорот 750 евра. Таа му дала 46 000  денари но не добила фискална сметка ниту некаква белешка. Фискална сметка не добила ниту за прегледот од 2500 денари и 3500 денари кои му ги исплатила за брисевите кои ги земал.

„Добивме само еден Извештај напишан со пенкало, а на него, како што рече Николовски, заборавил да стави печат, како и розева рецепта за да си купиме лек од аптека“, вели Едита Ибраим.

Истиот ден, вечерта Булент добил дијареја и повраќање. Утредента повторно отишле на преглед, а лекарот рекол дека раната е во ред и препорачал топла када. Дури посочил дека има „спомен“ од интервенцијата со ласер и покажал изгореница на прстот на едната рака. Прегледот го платиле 1200 денари и повторно не добиле фискална сметка. Наредниот ден состојбата се влошила, Булент имал и силни болки.

„Николовски бараше матичниот лекар да му даде инфузија и инекција Кетонал, но откако матичниот лекар рече дека не може така, тој дојде вечерта. Сите денови имаше болки, а тој или му даваше Кетонал и Дијазепам или таблети Трамадол.  Во среда вечерта, прстите на рацете му помодреа, беше ладен, се препотуваше. Во четвртокот утрото го однесовме во болницата „8 Септември“. Беше во многу тешка состојба. Со нас беше и доктор Николовски. Лекарите беа шокирани, не знаеја што му се случува, не можеа да му измерат притисок, да му земат крв. Неговите органи откажуваа“, раскажува неговата сопруга Едита.

Кога го ставиле на апарати за дишење во интензивна нега, повеќе не го виделе. Булент починал меѓу 18 и 19 часот.

Лекарот во болницата “8 Септември“ им соопштил дека Булент починал од сепса и дека треба да се направи обдукција, но родителите не дозволиле.

Како што веќе објави НОВА во саботата ДСЗИ ја затвори ординацијата по пластична и реконструктивна „ Др- сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром каде што лекарот Звонко Николовски ја извршил операцијата на починатиот, во изнајмена сала.

Николовски пак, за НОВА рече дека нема никаква вина и дека ги чека резултатите од анализите, по што ќе излезе јавно.

Булент зад себе остави сопруга и две деца, ќерка од 1 година и син на возраст од 5 години. Семејството очекува дека надлежните ќе го испитаат случајот и дека ќе има одговорност за неговата смрт, за на никој повеќе да не му се случи ова.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.