Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопругата на пратеникот Саздов стана дипломат во амбасадата во Хаг

4
By Нова ТВ on June 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2016 16:16

Сопругата на пратеникот Павле Саздов, Александра, и братучетка на судијката Александра Поп Стефанија чие име во моментов е актулено со случаите на СЈО ќе биде испратена на работа во амбасадата на Хаг,  дознава НОВАТВ од извори во Министерството за надворешни работи. Таа заминува во дипломатија како дел од административните дипломатски служби во амбасадата на Македонија во Холандија во рамки на новите постапки кои беа спроведени од Министерството, а со кои се пополнуваа испразнетите места во амбасадите и конзулатите. Александра Поп Стефанија (која има исто име како нејзината братучетка) во Хаг заминува од позиција раководител во еден од секторите во министерството каде што работи веќе 4 години.

Синдикатот на дипломатите минатата недела писмено реагираше на дел од распределувањата во допломатските служби.

„Извршниот одбор на Синдикатот на Македонската дипломатска служба, во врска со штотуку спроведената постапка во Министерството за надворешни работи на Република Македонија за повеќе испразнети места во македонските дипломатско- конзуларни претставништва во странство, констатира дека иако се направени некои напори, и во определен број случаи се донесени добри кадровски решенија, продолжува политиката на нетранспарентни и неотчетни кадровски постапки. Притоа, посебно и очигледно недостасува сегментот на хуманост во утврдувањето критериуми за избор на кандидатите. Така, не е водено сметка за постарите колеги кои ближат кон пензија, ниту пак за цела една група колеги кои веќе подолг период не се упатуваат на работа во ДКП од недекларирани причини. Во однос на оние, пак, што не се упатени на работа во ДКП, останува фактот дека процесот за нивно унапредување, а за што тие веќе подолго време ги исполнуваат сите законски услови – едноставно е „замрзнато“ без никакво разумно образложение.“, се вели во писмената реакција на Синдикатот.

Името на сопругата на пратеникот Саздов почна да се споменува во медиумите по контроверзните одлуки на нововработената судијка Александра Поп Стефанија која што одлучи да му одземе надлежности на Специјалното јавно обвинителство во предметот „Тврдина“. СЈО побара нејзино изземање од случајот бидејќи нејзиниот сопруг бил вработен во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Неготино.

Минатата недела СДСМ поднесе кривична пријава против истата судијка за несовесно и нестручно работење, а таква пријава доби и претседателот на судот Владимир Панчевски. Тие тврдеа дека тој ја вработил Поп Стефанија спротивно на законите. Судскиот совет неа ја распределил во судот за прекршоци во Скопје, а Панчевски без одлука на Советот ја вработил во Кривичниот суд.

Поп Стефанија: Партиски релации и брзорастечка кариера

Порталот „Сведок“ пишуваше дека одлуката да се вработи Поп Стефанија како судија во организиран криминал била големо изненадување со оглед на тоа што таа доаѓа од судот во Неготино каде што судела прекршоци, а нејзината кариеара покуса од 5 години вклучувајќи ги и породилните искуства.

Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.

Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.