Сопругата на Михаел Шумахер вели дека семејството на тркачката легенда сака да бидат оставени на мира, откако лекарите го третираат по трагичната скијачка несреќа, јавува Еј-Би-Си.
Корин Шумахер зборуваше во вторник за прв пат од 29 декември, кога се случи несреќата на нејзиниот сопруг на француските Алпи. Во соопштението, таа рече:
-Многу важно е за мене што ќе го олесните товарот на лекарите и болницата, така што тие можат да ја завршат својата работа во мир.
Таа побара од меѓународните медиуми, кои се собраа во болницата во Гренобл да ја напуштат. “Ве молиме исто така да го оставите нашето семејство на мира.”
45-годишниот Шумахер е во медицински индуцирана кома откако минатата недела тој ја удри главата на карпа.
Шумахер, кој се повлече од Формула Еден во 2012 година, е најуспешен Ф1 возач во историјата.