Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, е „насилно нападнат“ во неговиот дом во Сан Франциско, соопштија од Демократската партија на САД.
„Напаѓачот е во притвор, а во тек е истрага за мотивите за нападот. Господин Пелоси е превезен во болница, каде добива исклучителна медицинска нега и се очекува дека целосно ќе се опорави“, се наведува во соопштението од канцеларијата на канцеларијата на Ненси Пелоси.
Пол Пелоси (82) бил нападнат по провалата што се случила утрово во нивниот заеднички дом во Калифорнија. Во моментот на нападот, Ненси Пелоси не била дома.