Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопственоста, одземањето на моторни возила и уставот

0
By Zoran Ivanov on February 11, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 11, 2026 12:37

Одземањето возило: патничко, камион, шлепер, автобус и сл. како мерка поради извршено кривично дело против на безбедноста на јавниот сообраќај, од уставно правен аспект, е спорно. Возилата се сопственост на граѓани – физички лица или граѓани организирани како правни лица. Уставот, во член 30, на граѓаните им го гарантира правото на сопственост. Сопственоста ствара права и обврски и служи за доброто на поединецот и заедницата, вели Уставот.

Темелко Ристески

Според член 300-б од последните измени и дополнувањата на Кривичниот законик, под услови определени со членот 100-а од овој законик, од сторителот на кривичното дело ќе се одземе возилото со кое е сторено делото против безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1, 297-а, ставови 1 и 2, и тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од членот 300 на Законикот.

Членот 100-а вели: став 1 – „Никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривично дело;“ став 2 – „Од сторителот на кривичното дело ќе се одземат и предметите што биле наменети или се употребени за извршување на кривичното дело без оглед дали се негова сопственост или сопственост на трето лице ако тоа го бараат интересите на општата безбедност, здравјето на луѓето или причините на моралот;“ став 3 – „Предметите што се употребени или биле наменети за извршување на кривичното дело може да се одземат ако постои опасност повторно да бидат употребени за извршување на кривично дело. Нема да се одземат предмети што се во сопственост на трето лице, освен ако тоа знаело или можело и било должно да знае дека се употребени или биле наменети за извршување на кривичното дело.“

Да видиме што вели здравиот разум за кој, впрочем, со восхит пишува славниот борец за човекови права и политички филозоф Томас Пејн. Тој – здравиот разум, вели дека возилото што се одзема не настанало со извршување на кривично дело – туку е купено со пари на неговиот сопственик. Тоа е наменето за превоз на лица, стоки и вршење услуги, а не за извршување на кривично дело. Превозот на лица и стоки и вршењето превозни услуги за што тоа е наменето и употребено возилото не е кривично дело. Најпосле здравиот разум вели дека одредбата на член 300-б од посебниот дел на Кривичниот законик не е усогласена со одредбата на член 100 од општиот дел на Законикот.

Целта на законската одредба од членот 300-б на изменетиот и дополнет Кривичен законик е заштита на безбедноста во сообраќајот. Но таа цел може да се постигне со изрекување забрана на управување на моторно возило, а и други санкции без одземање на возилото. Ако на сторителот на делото му е изречена забрана на управување моторно возило, возилото може да го управува друго лице без забрана (роднина, најмен возач и сл., а секогаш ќе се најде такво) одземањето не е неопходно, затоа што постои поблага и подеднакво ефикасна мерка.

Од аспект на соодветноста на оваа мерка, ризикот по безбедноста на сообраќајот произлегува од сопственикот на возилото, а не од самото возило. Возилото не крши прописи, не извршува кривични дела, туку ги извршува тој што го вози. Затоа возилото, само по себе, без возач, не е опасно. Опасен по безбедносна на сообраќајот е возачот – негов сопственик или друго лице кога го вози возилото.

Сега одиме на Уставот на Републикава. Одземањето возило: патничко, камион, шлепер, автобус и сл. како мерка поради извршено кривично дело против на безбедноста на јавниот сообраќај, од уставно правен аспект, е спорно.

Возилата се сопственост на граѓани – физички лица или граѓани организирани како правни лица. Уставот, во член 30, на граѓаните им го гарантира правото на сопственост. Сопственоста ствара права и обврски и служи за доброто на поединецот и заедницата, вели Уставот. Сопственоста, според Уставот, може да се одземе или ограничи само во случаи кога се работи за јавен интерес утврден со закон и тоа со правичен надоместок. Со одземањето на моторните возила се врши прекумерно мешање во правото на сопственост што е спротивно на одредбите на член 30 од Уставот. Ако поради безбедност на сообраќајот лицето баз дозвола или без важечка дозвола или од други причини не може да го управува возилото, а е затекнато од полицијата во извршување на кривично дело против безбедноста на сообраќајот, може да повика друго лице, пријател, роднина и сл. да го преземе возилото. Ако такво лице нема, полицијата може да го исклучи возилото од сообраќај, да го депонира одредено место и да го извести сопственикот кога и каде може да си го подигне возилото, се разбира со надоместок на трошоците за депонирањето – слично на постапувањето на пајак службата. За потребите на кривичната постапка кај тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (смртни последици, тешки телесни повреди на едно или повеќе лица и имотна штета од големи размери) возилото, се разбира, може да се задршки и подолго. Задржувањето може да трае најдоцна до завршувањето на постапката, а потоа да се врати на сопственикот или неговите наследници. Конфискација – трајно одземање на возилата, според словото на Уставот, не доаѓа предвид. Такво одземање на возила претставува легализиран грабеж на сопственост.

Одиме на другите одредби од Уставот. Според член 32 став 1 од Уставот секој има право на работа и слободен избор на вработувањето. Многу граѓани со возилата работат вршејќи регистрирани дејности и со тоа ги издржуваат членовите на нивните семејства. Некои од нив се сопственици на стопански субјекти во кои имаат вработено други лица. На сите нив, со одземање на возила: патнички возила, автобуси , камиони и сл. им се оневозможува или ограничува првото на работа.

Кога сме кај ова веднаш да кажеме дека со одземање на возилата се погодува стопанската дејност – превоз на патници и стоки и вршења на услуги во патниот сообраќај. Според член 55 став 2 од Уставот, Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Нема еднаква правна положба ако на стопанствениците кои со моторни возила вршат превоз на лица и стоки и вршат услуги им се одземаат моторните возила за кривични дела во сообраќајот.

Одиме понатаму. Со член 34 Уставот на граѓаните им се гарантира право на социјална сигурност и социјално осигурување. Социјалана сигурност најефикасно се обезбедува со работа и заработувачка. Ако на граѓанинот кој врши работа – стопанска дејност со возило му се одземе возилото, тој се лишува од заработувачка, а со тоа и од средства за издржување на семејството, или заработувачката му се ограничува. Од заработувачката се лишуваат или таа им се ограничува и на лицата вработени кај тој граѓанин или кај правно лице кое е сопственик на одземеното возило.

Понатаму со одземањето на возилата се ограничува правото на слобода на движење на граѓаните гарантирано со член 27 од Уставот.

И најпосле со одземањето на моторните возила се создава ефект на прекумернана репресија што е спротивна на начелото на владеење на правото од член 8, став 1, алинеја 3 и на правната заштита на сопственоста од истиот став, алинеја 6 од Уставот, како темелни вредности на уставниот поредок на Републиката.

Да заклучиме: Одредбата на членот 300-б од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на РСМ“ број 16/26) не е во согласност со одредбите на: член 8, став 1, алинеја 3 и 6; член 27, став 1; член 30, став 3; член 32, став 1; член 34 и член 55, став 2. од Уставот на Републикава. За поздравување се настојувањата на власта со воведување на построги санкции против учесниците во сообраќајот на патиштата да ја зајакне нивната одговорност. Но на нивното воведување треба да му претходат темелни правни, социолошки, аксиолошки, безбедносни и економски анализи кои ќе овозможат воведените санкции да бидат разумни, пропорционали и усогласени со Уставот. Во позадината на нивното воведување никогаш не смее да стои чувството на преголема моќ на власта. Тоа чувство, како што може да се заклучи од изложеното, е штетно за граѓаните; но штетно е и за власта. Доаѓаат избори.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

колумна теелко ристески ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.