Неколку стотици луѓе се собраа пред полиската управа каде беа приведени четворица од демонстрантите поради кршење на двојазичната плоча поставена на полициската зградата во Вуковар.
На помош уште илјада колеги им пристигнаа на полициајците, додека пак на демонстрантите им се приклучија на полноќ католичките свештеници кои се молеа заедно со нив. Голема подршка пристигна од бранителите кои се собраа во Вуковар.

Од владата соопштија дека демонтрациите се законски начин на изразување на незадоволствотото, но насилството, како и заканите кон власта и уставниот поредок претставуваат кршење на законите.
После полноќ демонстрантите се разидоа но за денеска се закажани нови протести. Од Стожер за обнова на хрватскиот Вуковар веат дека на протестот ќе учествуваат бранителите од сите делови на Хрватска.
>>Немири во Вуковар поради поставување двојазични табли
Вчера утрината демонстрантите со чекан ја искршија таблата поставена на зградата на Полициската управа.
– Не е сега вистинското време за поставување двојазични табли, тие нека ги поставуваат плочите, ние преку ноќ ќе ги отстрануваме, како да ни се враќа 1991 година, велат демонстрантите.

