Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на Европа: Македонските затвори се пренатрупани

3
By Нова ТВ on March 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 8, 2016 16:48

Македонските затвори се пренатрупани и по овој критериум Македонија е на трето место во Европа. Во затворите има повеќе затвореници отколку што условите на затворот дозволуваат, заклучува последниот извештај на Советот на Европа за состојбата на затворите во Европа.

Истиот заклучок ја следи Македонија повеќе години по ред. Според извештајот во 2014 година Македонија е трета на списокот за пренатрупаност на затворската популација. Пред нас се само Унгарија и Белгија.

За 100 места во затворите во Македонија има 123 затвореници. На 1 септември 2014 година во Македонија имало 3.116 затвореници вклучително и притворот.

Освен Македонија, на листата се наоѓаат Грција, Албанија, Шпанија, Франција, Словенија, Португалија, Србија и Италија.

Според Советот на Европа средната цена на еден ден престој на еден затвореник изнесува 99 евра.

Македонија е исто така на врвот на листата за затвореници поради кражба (повеќе од 30 затвореници на 100.000 жители). Во 2014 година Грузија била на чело на листата со 55 затвореници а Македонија на осмо место со 36 затворени за кражна на 100.000 жители. Блиску до нас се наоѓаат Бугарија, Романија, Полска, Унгарија, Словачка или Азербејџан.

– Пренатрупаноста на затворите сериозно го спречува повторно интегрирање на затвореници и преку тоа, ги спречува и можностите за подобра заштита на општеството од криминалот. Тоа е исто така кршење на човековите права, изјави генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд по повод објавувањето на извештајот. Тој смета дека посочените земји треба да ги дуплираат напорите за да гои решат проблемот и да почнат да применуваат мерки како алтернатива на затворите.

Според податоците на Советот на Европа, на континетот има 1.300.624 затвореници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.