Започна состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Ѓорѓе Иванов, каде се присутни премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерката Гордана Јанкуловска, министерот за надворешни Никола Поповски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека лидерите на ДУИ и ДПА испратија претсавници- на местото на Али Ахмети присутен е Талат Џафери и на местото на Мендух Тачи, Имер Aлиу.
Присутни се и членовите на Советот за безбедност Вели Краци, Флора Кадриу и Насер Сејдини.
Пред почетокот на состанокот Заев даде изјава за медиумите- со објаснување дека е присутен за да побара објаснување кој и зошто ја дестабилизира Македонија, дали кризата во Куманово е завршена, дали е точно дека има вакви групи во други региони и дали државните органи имаат план и стратегија за смирување на состојбите и спречување на ескалација.
Присуството не значи дека СДСМ дава легитимитет на политиката на Владата, тука сум исклучиво поради загриженост за безбедноста во државата, рече Заев.




