Советот за етика при Здружението на новинарите на Македонија порачува дека медиумите не смее да се претворат во алатки за војување, поттикнато од последните конфронтации меѓу новинари.
-Она што особено загрижува е фактот дека сведочиме на случаи кога новинари се впрегнати во лична битка против свои колеги од други медиуми, поттикнати од нејасни причини, заборавајќи притоа дека основната цел на новинарството не е и никогаш не била лична дискредитација и лични навреди, а особено не обиди за линч внатре во сопствената фела.
Дополнително, тие текстови се напишани вон рамките на Кодексот на новинари и спротивно на сите професионални начела, полни со говор на омраза, немање на втора страна, вадење од контекст и обиди за манипулација.
Медиумите никако не смеат да се претворат или пострашно, да продолжат да бидат мегафони на одредени центри на моќ, чија што цел ќе биде обвинување на избрани поединци, наместо информирање и анализа, се вели во реакцијата на новоформираниот Совет.
Советот за етика апелира до сите медиуми да се воздржат од меѓусебни пресметки.




