Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет за култура: Жерновски да направи ревизија на СK 2014

0
By Нова ТВ on April 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2013 16:37

Советот за култура при СДСМ го повикува градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, да го отвори процесот на ревизија на проектот Скопје 2014. Но предупредува таа да не се исцрпува само на финансискиот скандал.

„Да потсетиме дека Скопје не осамна на насловните страници на сите светски весници по финансискиот скандал туку како „престолнина на кичот“, односно дека срамот на нацијата и беше нанесен по многу други основи
Дека проектот, меѓу другото, е и финансиски скандал, не „перење“, туку „гнасење“ на тешко спечалените народни пари, потрошени на незаконски градежни работи, бездарнички скулптури и панаѓурски кич, како и со астрономски и со ништо заслужени хонорари и набавки на реквизити по цени на кои би им позавидел и емирот од Катар.

Штетноста на овој проект е што зад површинската појавност на една измамничка архитектонска и скулптурална претстава ги урива вредносните системи во културата, ги суспендира уставноста и правната држава, ја злоупотребува историја и ги поместува темелните камења на националниот идентитет“, се вели во соопштението на Советот.

Според Советот за култура при СДСМ „Скопје 2014“ не произлегува од подлабокото разбирање на културата и нацијата, ниту од професионалната уметничка или архитектонска мисла и практика. Тој проект е политичко-пропаганден манифест на партијата на власт, демонстрација на самовластие на еден човек кој ги донесува сите урбанистички, архитектонски и споменички одлуки. Ова самовластие се реализира низ инфраструктурата на државните органи, со јавни средства, а се изведува како вид културен инженеринг кој сака да го промени идентитетот на нацијата и граѓаните да ги држи во потчинетост со помош на еден помпезен и мегаломански (а всушност, брутално простачки) национализам.

Советот нагласува дека најголем проблем на „Скопје 2014“ е што е донесен и изведен на недемократски начин, со кршење, заобиколување и насилно преправање на законите.
„Очекуваме ревизијата на проектот покрај финансиската и правно-процедуралната да ја разоткрие и културната димензија на случајот и да го започне процесот на културна, историска, уметничка, урбанистичка и архитектонска евалуација на штетата направена со „Скопје 2014“ која ќе биде основа за идното обновување на градот Скопје и на македонското национално достоинство“, апелира Советот за култура при СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.