Советниците на СДСМ во знак на солидарност и подршка за претседавачот Мирослав Шиповиќ, кој се наоѓа во екстрадиционен притвор во Виена, ја напуштија денешната седница на Советот на Град Скопје.
Сите советници на опозицијата заедно со градоначалникот Андреј Жерновски дојдоа облечени во маички со натпис – слобода за Шиповиќ.
.jpg)
СДСМ, рече координаторот на советничката група Игор Алаџајков, нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните и да ги замолчи во одлучноста да се обелодени криминалот и корупцијата на проектот Скопје 2014.
“Единствениот грев на претседателот на ОО на СДСМ Центар и претседавач на Советот на општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта. Бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Судот да не ја користи мерката притвор како казна за Шиповиќ и за неговото семејство“, рече Алаџајков.
.jpg)
Ја повика власта да престане со притисок судот однапред да му пресуди на Шиповиќ, а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар.
“Очекуваме дека кај ВМРО – ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено функционирање на општина Центар. Ве повикувам и Вас колеги од ВМРО – ДПМНЕ да ни се приклучите во ова барање со што ќе докажете дека не стоите зад желбата за рекомпонирање на советот и дека како конструктивна опозиција ја почитувате јасно изразената волја за жителите на Центар кои гласаа за градоначалникот Андреј Жерновски и за листата предводена од Мирослав Шиповиќ“, изјави Алаџајков.
По ваквиот потег на советниците на СДСМ, нивните колеги од ВМРО – ДПМНЕ ги обвинија дека тие ја злоупотребиле работата на Советот и си организирале прес-конференција, а тие дошле на седницата по барање на СДСМ.
На дневен ред на седницата беа четири детски градинки во општина Центар, поради тоа што советниците на ВМРО – ДПМНЕ оценија дека за СДСМ поважен е Шиповиќ од децата.




