Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советниците на СДСМ во Град Скопје ќе ја бојкотираат утрешната седница

0
By Влатко Чаловски on October 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2013 15:24


– Согласно најавените активности од страна на Социјалдемократскиот сојуз, советничката група на СДСМ и коалицијата во град Скопје, во знак на солидарност кон Мирослав Шиповиќ, нема да присуствува на утрешната седница на град Скопје, соопшти денеска за НОВА, координаторот на СДСМ во Град Скопје, Софија Куновска.

Според Куновска, недозволиво е Премиерот преку институционално насилство да го преземат функционирањето во општина Центар. Притворот на Шиповиќ, смета Куновска, е политички монтиран процес.

Таа нагласи дека СДСМ бара судот да го ослободи претседателот на Советот на општина Центар и да му дозволи тој да се брани од слобода.

Куновска ја повикува власта да не врши притисок врз судовите во Македонија, и да не им налага однапред донесена пресуда за Шиповиќ.

Оваа одлука на советничката група на СДСМ доаѓа откако претседателот на партијата, Заев, неодамна изјави дека неговата партија нема да дозволи демонстрација на сила и моќ од страна на владејачката партија, и дека СДСМ ќе го стави во мирување учеството во работата на собраниската комисија за имплементирање на заклучоците од Комисијата за 24-ти Декември, како и тоа дека градоначалниците на СДСМ ќе го стават во мирување своето членство и активности во ЗЕЛС, а советниците на СДСМ во сите совети на општини во Македонија во знак на солидарност со колегите од Центар, нема да присуствуваат на првата наредна седница на Советот на нивната матична Општина, објасни неодамна Заев.

Министерството за правда веќе ја почна постапката за екстрадиција на Мирослав Шиповиќ кој беше уапсен на аеродромот во Виена на 15 октомври, потврди министерот за правда Блерим Беџети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.