Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советникот Пановски бара одржување специјален Самит за Охрид

0
By Нова ТВ on July 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 19, 2014 12:50

Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа Охрид и масовното иселување на младите од градот, Дејан Пановски советник во Советот на Општина Охрид од ВМРО ДПМНЕ бара од локалните власти да иницираат одржување специјален Самит за Охрид. Според него неопходна е изработка и на стратегија за иднината на градот.

„Фактите дека години наназад Охрид има големи наследени долгови, блокади, тешка реализација на Буџетот, извештаите дека е во долг пред УЈП, дека е Општина со најголемо иселување и дека туризмот не носи очекуван економски бенефит покажуваат дека на Охрид итно му е потребна нова, поинаква стратешка рамка за иднината. Во таа насока како член на Советот имам предлог до највисоките органи на Општината да преземат иницијатива и лидерство, за одржување на еден вид специјален состанок или самит за Охрид за изработка на Стратегија за иднината“, вели Пановски.

Тој вели дека во целиот тој процес би се инволвирале значајни научни кадри од земјава и странство во најбитните области кои го засегаат Охрид.

„Ќе се користат искуства од збратимените градови ,ќе се повика експертиза од меѓународните пријатели , донатори и секако со учество на локалното население и интересенти. Едноставно мора да се утврди Стратегија каде го носиме Охрид во иднината и во економски и во социјален и во и во урбанистички и во демографска смисла,за да не го губиме Охрид пред очите“, додава Пановски.

За НОВА, Дејан Пановски вели дека ова е најдобронамерен предлог и оти градските власти мора да застанат зад неа.

„Затоа што мора да се застане единствено зад нова стратегија на Охрид. Проблемите се провлекуваат децении наназад не само од сега. Мислам дека би била добра една ваква иницијатива. Ова е предлог кој одамна тлее и еднаш таквата стратегија мора да се донесе. Напротив локалната со ваква иницијатива би покажала лидерство во интерес на градот“, вели Пановски.

Пановски втор мандат е во советот на Општина Охрид и во претходниот состав и сега остро се спротивставува на секое урбанистичко решение со кое се предвидува изградба на високо катници во Охрид. Вели дека она за што најмногу се борел во претходниот мандат како став опстојува и сега.

Охрид е градот од каде во моментот се иселуваат најмногу млади луѓе во Македонија. Според податоци на Државниот завод за статистика од Охрид на годишно ниво последните три години се иселуваат повеќе од 1000 луѓе, феномен кој треба да загрижува и тоа во најголем дел во странство.

Локалната власт и Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се уште се немаат изјаснето околу идејата на нивниот сопартиец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.