Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на јавни обвинители отвора постапка по „медиокритет“ изјавите на Мицкоски за Ристоска

0
By Zoran Ivanov on January 9, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 9, 2026 11:58

Советот на јавни обвинители отвора постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска за премиерот Христијан Мицкоски, откако тој јавно ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето.

Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ потврди дека денеска го примиле известувањето и ќе постапуваат според донесениот Правилник за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, односно ќе формираат Комисија која ќе треба да донесе заклучоци.

Правилникот беше донесен во ноември минатата година и според него, доколку се утврди дека во одреден настан се исполнети законските елементи од битие на кривично дело, се поведува постапка пред надлежното обвинителство.

Надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно, законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција,се вели во Правилникот.

Советот формира комисија од тројца членови, која може да прибира податоци и информации за утврдување на околностите. Комисијата може да го викне обвинителот за да ги разјасни наводите и може да побара од Мицкоски писмено или усно да се произнесе.

Доколку е утврдено надворешно нарушување на самостојноста во извршувањето на јавнообвинителската функција, Советот јавно ќе го објави заклучокот, ќе подготви соопштение за јавноста или може да организира конференција за медиуми. Доколку нарушувањето е сторено од носител на јавна функција, заклучокот со препораките се доставува до претставниците на извршната или законодавната власт или органите на државна управа. Заклучокот за утврдено надворешно нарушување на самостојноста во извршувањето на јавнообвинителската функција во зависност од својството на лицето се доставува до надлежната институција, организација или правен субјект за понатамошни мерки,предвидува Правилникот.

Мицкоски во видео интервју за порталот „Вечер.мк“ ја критикува Ристоска дека таа била најгласна за новите измени на Кривичниот законик.

Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени до Собранието на Кривичниот Законик. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните (а претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ) и овозможувале да се досудат, внимавајте, значи они веќе ги осудија луѓево – да се досудат условни казни. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот…

На ова новинарката коментира „Клиентелистичко-политички“, а Мицкоски вели: „Да, и сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа“.

Ристоска побара и јавно извинување од премиерот за навредите и професионалните дисквалификации за нејзе, но засега нема одговор од Владата дали премиерот јавно ќе ѝ се извини.

Јавниот судир меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Ристоска почна откако Владата без никакво образложение ја поништи предлог листата за кандидати за Стразбур, а Ристоска беше меѓу тројцата кандидати кои влегоа во најтесниот круг.

Оттогаш Мицкоски, но и ВМРО-ДПМНЕ на брифинзи и во партиски соопштенија постојано ја навредуваат Ристоска дека земала многу голема плата, дека била „пропадната ѕвезда на СЈО“, дека земала бонуси. Таа на сè јавно реагираше и најави тужба за клевета за партијата. Причината зад сите овие напади ги толкува како притисок врз неа откако не даде одобрение да се одмрзне имотот на партијата во судските случаи под кодно име „Талир“, кои уште се судат пред Кривичниот суд.

Извор: Слободен печат.мк

 

ицкоски обвинители Ристовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.