Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на јавни обвинители за ветингот: Да не се спроведува набрзина и да се осмисли

0
By Нова ТВ on November 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ветингот на судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт, вели првиот човек на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски.

– Сметам дека треба внимателно да се пријде кон оваа мерка. Таа треба добро да се осмисли. Да се осмислат целите на ветингот, да се дефинира по содржина и начинот на којшто ќе се спроведе. Понатаму, кој орган или кои органи или државни институции ќе треба да го спроведат, да се внимава тоа да не значи да биде директно мешање во правосудната власт од страна на извршната власт. Доколку се спроведе, треба да даде позитивни ефекти, а не да даде негативни ефекти. Состојбите во правосудниот систем не се баш на потребното ниво, па со ветингот да не се влошуваат понатаму, истакнува Колевски во изјава за МИА.

Претседателот на Советот на јавни обвинители вели дека треба да се размисли дали во овој момент е потребен или не ветинг на судиите и јавните обвинители.

– Сега сме наводно пред изборен период, не знам дали ветингот би требало и набрзина да се спроведе. Најпрво треба добро да се осмисли и постапката да не биде брза. Едноставно тоа да не значи веднаш разрешување судии и обвинители, туку треба да се види дали има основа за такво нешто. Затоа што во овој момент имотната состојба на судиите и јавните обвинители се контролира. Сите јавни обвинители и судии поднесуваат пријава до Антикорупциската комисија за сопствената имотна состојба и имотната состојба на сите јавни обвинители и судии е на увид на јавноста. Секој може да изврши увид во податоците, рече Колевски.

Според него, треба да се осмисли дали ќе биде опфатен само имотниот дел или ќе бидат опфатени и некои други сегменти за, како што нагласува, да не дојдеме утре во ситуација да се влоши состојбата во правосудниот систем, наместо да се подобри. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.