Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спас за Валандово: Почвата и водата кај Казандол не се безбедни

2
By Нова ТВ on November 5, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанското здружение Спас за Валандово денеска уште еднаш предупреди дека изградбата на рударскиот комплекс Казандол што е во тек претставува се поголема опасност за почвата и водата.

На својата Фејсбук страница Здружението на граѓани објави серија фотографии за кои вели дека се доказ дека почвата и водата не се заштитени.

-Оваа црна фолија е фамозната гео-мембрана од финско потекло која инвеститорот и институциите не убедуваа дека ќе ја заштити почвата и подземните води од загадување со сулфурна киселина. Погледнете ги фотографиите и проценете колку е ова безбедно. Појавени огромни процепи насекаде во езерото обележани со црвени кругови уште во фаза на изградба. Се прашуваме како ова го нема констатирано Државен инспекторат за животна средина во неодамнешната инспекција?, прашуваат од Здружението.

Жителите со месеци алармираат и протестираат против изградбата на рудникот за катоден бакар кој ќе се простира на повеќе општини од југоистокот.

Шест нешта за рудникот во Казандол за кои сите мора да знаеме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во рамки на предизборната кампања на 1 октомври во Валандово вети дека владата предводена од неговата партија ќе ја запре изградбата на рудникот Казандол.

„Овие концесии за експлоатации и дел за геолошки истражувања се дадени од претходната власт. Ние ќе водиме мудри постапки, да не нанесеме милионски штети на државата, но едно да знаете рудниците ќе застанат. Добро е да се подготви целиот менаџмент дека ќе престане изградбата на рудниците, заради тоа што тие носат лошо здравје, слаби перспективи и уништување на иднината на сегашните и на идните генерации“, рече Заев, на денешната средба со граѓаните на Валандово.

Тој рече дека отворено застанале и дале поддршка на граѓанските организации кои се бореа да запре постапката за отворање на овие рудници.

„Нашиот официјален став е да престане изградбата на рудниците, да престанат сите постапки околу рудниците, затоа што тоа не е иднината на овој бисер на земјоделието на Република Македонија“, рече Заев.

Досега активистите и жителите на околните села од новата  влада бараа помош, но досега владееше молк по ова прашање. Владата на СДСМ во својот опозициски период посвети фин дел од своето претставување во јавноста со цел да се наметне како еколошки посвесна и погрижлива кон животната средина од претходната власт. Но, за Казандол досега немаше елан.

Останува да се види, дали Заев ќе го исполни своето предизборно ветување.

Неуспешен референдум – граѓаните пријавуваа притисоци

На референдумот во Валандово којшто се одржа на 20 август оваа година право на глас имаа 10.141 граѓанин. За да биде успешен, потребно беше на гласање да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани со право на глас.  На референдумот во Валандово излегоа 46, 1 или 4.683 граѓани. Недостасуваа 387 гласа до потребните 5071 за победа.

Граѓаните и активистите кои се бореа против изградбата на рудникот пријавуваа притисоци, закани, уцени и прекршување на изборниот молк од инвеститорот „Сардич МЦ“, претставници на локалната самоуправа од една политичка партија и персоналот на Украинската амбасада во земјава.

Против изградбата на овие рудници, на референдум гласаа и жителите на Дојран, на Богданци и на Гевгелија. Сите овие референдуми беа успешни.

На сите места каде што се одржуваа локалните референдуми беа пријавувани притисоци и закани во размер во којшто може да помислите дека се бира доживотен претседател. Но до референдум најтешко се стигна токму во Валандово. Советот два пати носеше иста одлука поради административни пречки на општината. Граѓанските иницијативи со собрани потписи со месеци не можеа формално да дотуркаат до референдумот во процедури кои отвораат сомнежи за многу законски злоупотреби.

Кој е инвеститорот за Казандол

Концесионер на рудникот за бакар и бакарни производи во Казандол е компанијата Сардич МЦ. Основач на „Сардич МЦ“ е акционерското друштво „Коппер Инвестмент“. За оваа инвестиција Груевски зборува уште на почетокот на 2013 година. Инвестицијата прво ја нарекуваше „англиска“, продолжи со „англиско-украинска“ за конечно да стаса до само „украинска“. Во реалноста – со удели на македонските големостопанственици и политичари од двете држави.

Документите од централниот регистер покажуваат дека во одборот на директори е Ацо Спасеновски, поранешен амбасадор во Украина (2010-2014), поранешен министер за земјоделство и шумарство  (2006-2009) и член на Социјалистичката партија на Македонија чијшто претседател е бизнисменот Љубисав  Иванов – Ѕинго. Спасеновски дури стекна и акции во друштвото, а на почетоците беше само во менаџерските позиции во компанијата. Голем број од рударските инженери ангажирани како експерти при изградбата на рудникот во „Казандол“ доаѓаат  токму од компанијата „Силекс“, која што заедно со телевизијата „Сител“ е дел од бизнис – империјата на семејството на Иванов – Ѕинго.

Во сопственоста се вмешани и украински политичари кои што биле и пратеници во Собранието на Украина за време на мандатот на Спасеновски. Иако владата на Груевски тврдеше дека инвеститорите се надалеку познати по својата работа во областа на рудата, НОВАТВ не пронајде факти кои ќе ги потврдат овие тврдења. Во периодот којшто следи пред локалните избори НОВАТВ ќе го објави своето детално истражување за рудникот Казандол и врските со моќта и политиката.

 

Казандол опасност за почвата и водата Спас за Валандово фолии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.