350.000 деца се во „стапица“ во западниот дел од Мосул, предупреди денеска британската невладина организација „Спасете ги децата“, откако ирачките воени сили започнаа голема копнена акција за протерување на терористичката организација Исламска Држава од западниот дел на градот.
Организацијата ги повика ирачките сили и нивните сојузници да направат се за да ги заштитат децата.
„Треба итно да се направат безбедносни коридори за евакуација на цивилите“, реча Маурицио Кривалеро, директор на Спасете ги децата за Ирак.