Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасителите тргнаа кон напуштениот рудник во потрага по Петар

0
By НОВА ТВ Balaban on March 3, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со две моторни санки, опрема за спуштање, боци со кислород, јажиња, шлемови и друго тргнавме денеска околу 8 часот кон напуштениот рудник да провериме дали можеби 10 годишниот Петар таму се засолнил. Во потрагата ни  се приклучија и припадници на АРМ и сите се надеваме на среќен исход, изјави за НОВАТВ Дарко Неданоски, спелеолог

Спасителите утринава ја продолжија потрагата по Петар Џобоски и тргнаа кон напуштениот рудник „Партизанка“ кој се наоѓа на само 3,5 километри од прилепското село Врбско, од каде во петокот попладне, според пријавата на таткото Стојан, детето се оддалечило од својот дом. Како што вчера веќе објавивме, спелеолозите од службата Златоврв, заедно со други обучени лица, планираат да се спуштат во окно на рудникот длабоко и до 100 метри, а во коешто никој не влегол веќе 40 години.  

– Со две моторни санки, опрема за спуштање, боци со кислород, јажиња, шлемови и друго тргнавме денеска околу 8 часот кон напуштениот рудник да провериме дали можеби 10 годишниот Петар таму се засолнил. Во потрагата ни  се приклучија и припадници на АРМ и сите се надеваме на среќен исход, изјави  за НОВАТВ Дарко Неданоски, спелеолог од службата Златоврв и претседател на Спелеолошката федерација на Македонија. 

И припадници на АРМ во потрага по Петар (ФОТО: Спасителна служба Златоврв, Прилеп)

Освен полицајци, припадници на АРМ и на противпожарни друштва, ловџии, во потрагата од завчера се вклучени и деветмина вработени во Дирекција за заштита и спасување.

– Обезбедивме и две возила за вакви теренски услови – моторни санки и обучени луѓе за вакви акции. Да се обидеме да сториме се детето да биде пронајдено, ни рече Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата.

Напуштениот рудник е единственото неистражено место околу Врбско во изминатите шест дена, колку што трае потрагата по детето. Се пребаруваше терен во радиус од пет километри околу селото, а потрагата во изминативе два-три дена беше отежната и забавена поради големите наноси од снег кои вчера ги сопреле и теренските возила на половина пат до рудникот.

Надежите се дека токму во напуштениот рудник детето можеби побарало засолниште.

Со моторни санки до рудникот, спасителите пред тргнување (ФОТО: Спасителна служба Златоврв, Прилеп )

(Љ.Б.)

 

детето Петар Џобоски напуштениот рудник село Врбско службата Златоврв Спасителите тргнаа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.