Дебатите на конститутивната седница продолжуваат на различни теми а ниту на повидок не е четвртата точка која е најважна за одблокирање на работата на Собранието.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски вели, не се води никаква плодна дебата во Собранието, а дополнително се кеираат дилеми преку политички изјави, потенцирајќи дека наместо дебата се исполнува нечија желба за одолговлкување на конституирањето на Собранието.
По тој основ, Спасовски побара преку Деловникот да се премине на точакта 4.
– Барам врз основа на членот 78 став 2, со поддршка од 10 пратеници да биде донесена одлука со која ќе се премине на 4.точка за избор на Претседател на Собранието на РМ. Се додека не слушнам еден аргумент кој ќе го побие овој член, се дотогаш ќе барам и Трајко Вељаноски да го стави на гласање, рече Спасовски од собраниската говорница.
На ова претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски одговори дека не се согласува со Спасовски и дека во Собранието дебатата е на место и соодветна.