Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски-Демерџиев: Нема да биде дозволен инцидент на чествувањето на роденденот на Делчев

0
By Соња Крамарска on January 30, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев изјави дека разговарале за нападот врз генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и за претстојното чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари.

Едно лице е во притвор за нападот на Пендиков, како што посочи Спасовски, а исто така ќе биде проширена и истрагата. Тој порача дека МВР за сите случаи постапува подеднакво посветено со цел виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и санкционирани.

„Нашата крајна цел е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и сите лица кои престојуваат на нашата територија“, рече Спасовски и во однос на чествувањето на роденденот на Делчев кое ќе се случува во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир.

„Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече Спасовски.

Министерот Демерџиев додаде дека ги добил сите информации од неговиот колега Спасовски дека се ќе биде обезбедено и ќе бидат преземени сите мерки за мирно чествување.

„Јас ќе преземам мерки за луѓето кои што ќе дојдат на чествувањето. Во никаков случај нема да дозволам да бидат предизвикани провокации и да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најдобар можен ред и нема да дозволиме некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи. Целат е да се одржи тоа чествување на еден великан како Гоце Делчев, а не да биде место каде ќе се распалуваат огнови“, порача Демерџиев.

Во однос на нападот на Пендиков тој додаде дека со Спасовски постигнале разбирање дека во една земја како Република Северна Македонија не треба да се допуштаат такви инциденти и добил уверување дека случајот ќе биде истражен целосно и објективно. Притоа Демерџиев додаде дека на Спасовски му предочил документи и изјави со закани кон Пендиков додека е во болница и добил убедување дека такви лица кои се служат со такви закани ќе бидат изнесени пред правдата.

 

 

 

Иван Демерџиев Оливер Спасовски чествување за Гоце Делчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.