Дали премиерот беше приморан да го решава прашањето на професионалните војници и стечајците во очаен обид да го стави во сенка скандалот за спрегата Влада-медиуми?
Премиерот им должи објаснување на професионалните војници зошто ги остави да чекаат 4 години, додека тој тераше инает политика со СДСМ, изјави денеска пред новинарите Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.
Според Спасовски, Груевски по 7 години власт, кои ги посвети на градење споменици и на непродуктивни проекти, занемарувајќи цели категории граѓани, конечно се сети на професионалните војници и стечајците.
„На вчерашната прес конференција тој ја призна грешката за овој проблем и го прифати предлогот на СДСМ за професионалните војници. СДСМ мерката која вчера ја предложи Груевски, ја предложи во програмата за Решенија за Македонија, во изборната програма од 2011 година и во последниот пакет предлог мерки од новата Програма“, потенцираше Спасовски.
СДСАМ прашува зошто премиерот дури сега се сети на професионалните војници? Зошто уште во 2009 не го прифати овој предлог на СДСМ, кој ќе го решеше нивното прашање?




