МВР уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои пак издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.
– Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.
Според неговите информации 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет.
– Беше утврдено дека станува збор за лица кои се од меѓународни криминални групи, нарко картели, односно лица со висок ризик и лица со потерница под туѓ идентитет, вели ресорниот министер.