Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Кризната состојба ќе го олесни справувањето со пандемијата

0
By Нова ТВ on November 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: kurir.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24, зборуваше за значењето на воведената кризна состојба која ќе овозможи искористување на сите државни ресурси во справувањето со пандемијата, но дека тоа нема да значи рестриктивни мерки за граѓаните затоа што таквите мерки ги изрекува владата по предлог на лекарската комисија за заразни болести.

„Исто како што имаме пет години кризна состојба на границата за справување со мигрантската криза, така сега ќе имаме на целата територија. Одлуките кои што во иднина би значеле рестрикции за граѓаните не доаѓаат по автоматизам со кризаната состојба. Владата таквите одлуки ги носи врз препораките од Комисијата и општата ситуацијата со здравството. На пример, одлуките да нема групирање, да нема настани, да нема работа на одредени објекти, сето тоа се носи по предлог на лекарите, и тоа независно од кризната состојба. Комисијата ги деминзионира овие одлуки врз анализите за прогресот на болеста или намалување на болеста. Кризната состојба не значи дека ќе се смени животот на граѓаните, зборувам за животот во рамките на пандемијата, туку да можеме да ги искростиме ресурсите и капацитетите на сите институции кои можат да помогнат, а крајната цел е да му помогнеме на здравствениот систем полесно да се справува со вирусот.“- објасни Спасовски.

Тој посочи дека Кризната состојба ќе овозможи ангажирање на Армијата, која ќе има логистичка улога на полицијата. „Постои заедничко координативно тело во рамките на МВР, Министерството за одбрана и Армијата. Координатор на сите активности е Главниот штаб за управување со кризи. Овде станува збор за заштита на безбедноста, на јавниот ред и мир и затоа можеме да имаме мешани патроли, но работите од доменот на полицијата се обврска на полициските службеници. Армијата ќе се користи во оној обем за кој ќе се процени дека е потребна и ќе и се одредат активности за кои ќе се процени дека се неопходни.“- дополни Спасовски.

Тој потести на кризната состојба во Дебар на почетокот од пандемијата која дала резултати и најави дека денеска, кога е и негов прв работен ден во МВР по битката со Ковид 19, Управувачкиот Комитет ќе го разгледа Акцискиот план и ќе се подготви целата стратегија која институција каде ќе настапува и со какви активности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.