Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврди дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа експертските и собраниските контроли можат да се уверат во било кое време.
Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, тој ги отфрла целосно обвинувањата од опозицијата дека ја користел полициајта за потребите на неговата партија.
Одговарајќи на прашањето зошто МВР поднесе кривични пријави против неколку градоначалници во предизборието, Спасовски тврди дека МВР работи според фактите и аргументите и прашањето е зошто случаите биле чувани во фиоки.