Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски од скопско Кале: Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво, а не на поделби

0
By Нова ТВ on August 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешен ден, 2 август – Илинден, е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903 година, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, се столбови на Републиката и на државноста, порача денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на свеченоста по повод Денот на Републиката.

„Борбата на сите наши Илинденци никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту за доминација на една држава врз друга. Ниту пак на еден народ врз друг. Почнувајќи од Крушевскиот манифест, а потоа и со декларацијата и ршенијата на АСНОМ во борбата за слободна и праведна македонска држава се повикани сите чесни, добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност водени единствено од желбата за подобар живот“, подвлече Спасовски.

Истакна дека во остварувањето на оваа цел Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други остваруваа и ги делеа заедничките победи кои ни ја овозможија денешната Република Северна Македонија, држава-членка на НАТО, земја на пат за ченство во ЕУ – земја која меѓународната заедница ја прогласи за најуспешна приказна на Западен Балкан во последните три години.

„Ова се резултати на победи на сите нас. Затоа оваа година го прославуваме Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите“, и започнавме да го чествуваме со почести пред споменикот на Слободата „Сила слава и победа“. Победа за сите нас, затоа што Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво, а не на поделби. Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите наши идни генерации како завет дека ќе продолжиме заедно нашата вековна иднина“, посочи Спасовски.

Како што рече премиерот, денеска кога со сета почит и достојност се сеќаваме на државоторните настани на давата Илиндена во 1903 година и во 1944 година, од перспективата на оваа 2020 година неминовно е да се сочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда на концептот кој силно повикува да ја градиме Македонија како граѓанска држава која ке биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.

„Кон нив, како и кон нашите претци, сме должни сме да се спротивставиме на фашизмот, гласно и храбро, борбата со фашизмот и против делбите на нашите граѓани, против сеењето омраза меѓу браќа, соседи и другари е наша света обврска. Нашите партизани застанаа храбро и пркосно наспроти фашизмот и благодарение на таа храброст и на тој пркос, ние денеска имаме држава. И ништо помалку од тоа не смееме да оставиме и на нашите идни генерации“, подвлече Спасовски.

Ги честиташе двата настани Денот на Републиката – Илинден и АСНОМ, во кои, како што рече, е собран континуитетот на создавањето на македонската државност.

„Нека ни е честит и вечен 2 август, Денот на Републиката. Нека ни се честити и вековити Илинден и АСНОМ. Денеска во главниот град на нашата држава, во Пелинце и во славно Крушево одбележуваме и славиме два настана во кој е собран континуитетот на создавањето на македонската државност“, рече Спасовски на свеченоста по повод Илинден на скопско Кале.

Илинден Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.