Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Со предлогот на Иванов за член на Судски совет се руши Уставот

0
By Нова ТВ on December 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2013 10:07


Извадок од говорот на пратеникот Оливер Спасовски, четврто продолжение на седница бр.80 на Собранието на Република Македонија:

– Со изборот на членот на судскиот совет има 2 сериозни моменти кои сакам да ги споделам со јавноста. Не заради пратениците на ВМРО ДПМНЕ, туку заради Македонската јавност. Прво предлогот доаѓа од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, кој што според надлежностите треба да го штити уставниот поредок на РМ, да се грижи за уставноста на законите кои што ги носи собранието.

– Со носење на еден ваков предлог до собранието на РМ, со кој што директно се влијае врз независноста на судството, со тоа што се прифаќа, предлог да се предложи кој што го подржува ВМРО ДПМНЕ или кој што му е даден на Претседателот само за да го потпише како предлог се руши уставниот поредок на РМ.

– Овој предлог за судски совет, да биде избрана Виолета Богоевска е директно предлог кој што си го дава ВМРО ДПМНЕ, кој претседателот само го потпишува. Второ апсолутно Ѓорѓе Иванов не покажа дека знае да го штити дигнитетот на институцијата Претседател на РМ , да се надмине самиот себеси и да ги надмине рамките на партијата и да им покаже на граѓаните на РМ дека можат во одреден момент да се потпрат на институцијата Претседател на РМ, кој што ќе знае да го штити уставниот поредок на РМ, кој што ќе знае во одредени моменти да носи мудри одлуки кои што би биле во корист на граѓаните на РМ и на тој начин да го ужива целиот авторитет и дигнитет.

– Наместо да се понуди човек кој што би бил од еден ваков калибар, ја нуди Виолета Богоевска која што станала судија во управниот суд благодарение на тоа што е блиска до ВМРО ДПМНЕ и замислете од самиот старт како избран судија во управниот суд, претседател на совет, заменик претседател на суд, ВД претседател на управен суд, за 3 години сите позиции носечки, раководни во судовите ги поминува. Одработува добро партиски агенди, се покажува и преку тоа што беше претседател на совет, кога одработуваше агенда партиска за време на локалните избори, една од кариките за блокада и неможност да се сруши ВМРО ДПМНЕ во Центар, меѓутоа тука и таа и налогодавачите заборавија дека не вреди само судија кој што ќе пресуди во интерес на владата, туку треба да гласаат граѓаните на РМ, односно во случајов граѓаните на Центар и ги добија резултатите такви како што ги добија. Јас не очекувам ништо друго од страна на еден партиски судија кој бил поставен и исполнува партиски задачи во управниот суд по наредба и диктат на ВМРО ДПМНЕ, директно на Груевски дека ќе постапува вака и на ваков начин во судскиот совет, таа ќе биде една од членовите на судскиот совет почнувајќи од претседателот Александра Зафировска која што заради награда станала и претседател и член на судскиот совет, истакна Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.